Ѓоко Јовиќ објави први фотографии од неговиот најмал син – „горат“ социјалните мрежи од насмевката на малиот принц!
Со својот глас ја освои Македонија, но и дијаспората, па речиси и да нема семејна веселба без него и неговиот бенд.
Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ во моментов е еден од најбараните и најпопуларните пејачи на фолк музика во земјава.
Пред да започне пандемијата Ковид 19 тој имаше со месеци однапред закажани настапи, а локалите во кои настапуваше без исполнети до последно место.
Сепак и сега откако попуштија ковид мерките се чини дека „Енерџи бенд“ работат со полна пареа и речиси секој викенд имаат свирки.
Ѓоко важи за пејач кој умее да направи незаборавна атмосфера на своите свирки, кои подоцна со денови е прераскажуваат.
Освен одличен пејач тој важи за посветен сопруг и татко.
Во брак е со преубавата Ивана со која пред само неколку недели доби син кој е четврто дете во нивното прекрасно семејство.
Имено Ѓоко на социјалните мрежи делумно го покажа штотуку родениот син, додека тивко му пееше и нежно го држеше бебето во прегратки и низ песна соопшти дека бебето се вика Дарин.
Сепак овојпат пејачот се одлучи да го покаже лицето на својот син и напиша „мојот принц“.
Преслаткото бебе спиеше мирно како ангелче и во сон се насмевнуваше.
Неговата професија оди во нагорна линија, а негова најголема поддршка низ целиот процес е секако Ивана. За успех во музичката кариера исклучително важно за секој музичар е партнерот да има разбирање за професијата која носи многу отсуства од дома. Ѓоко такво нешто пронашол кај Ивана.
Нивните профили на социјалните мрежи се преполни со семејни фотографии на кои се гледа хармонијата и среќата која владее во нивното семејство.