Наместо ѓердан, змија околу вратот- Агнеса Органџиева во досега НЕВИДЕНО ИЗДАНИЕ, никогаш не изгледала поубаво
Агнеса Органџиева е една од дамите кои секогаш ги следи модните трендови и секогаш изгледа беспрекорно.
Речиси и да нема фотографија на Инстаграм на која таа не изгледа како божица, а под секоја од нив се редат комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Средена од глава до петици таа е магнет за погледи каде и да се појави.
Деновиве Агнеса имаше интервју за „Бекстејџ“ а во емисијата се појави со ултрамодерен стајлинг кој без сомнеж им се допадна на многумина.
Интересен топ украсен со пердуви и тесно темносино здолниште и дискретна шминка, таа прошета по скопскиот трговски центар како по модна писта.
Таа е активна на социјалните мрежи, па на кратките Инстаграм приказни покажа со кого се гали по дома.
Имено додека многу дами се китат со дијаманти, Агнеса е една и единствена и околу вратот ја стави својата змија со која се галеше и уживаше.
Многу жени би се наежиле од самата помисла да бидат во близина на змија, но не и Агнеса. Таа всушност уживаше, а она што на многумина им падна во очи е дека и во сосема опуштено издание и со малку шминка Агнеса изгледа преубаво.
Инаку таа е мајка на две деца, ќерките Тифани и Вивиен кои по се сè чини дека убавината ја наследиле од мама.
Во продолжение погледнете уште неколку комбинации од оваа дама кои можат да ви послужат како модна инспирација.