Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто сите зборуваат за кусото фустанче на Јована – гледачите изненадени, сопругата на Жељко „грми“ во ова издание!

Реклама

Блеска и кога носи црно од глава до пети

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Шармантната водителка Јована Јоксимовиќ никого не остави рамнодушен со своето последно модно издание.

Имено, таа заблеска во својот преубав црн фустан во кој истовремено изгледаше и елегантно и пpoвокативно.

Маркетинг

Во прашање е таканаречениот мал црн фустан кој важи за проверен модел со кој не можете да згрешите.

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Јована го носеше со црн кожен ремен со златна тока, црвен кармин и коса врзана во опуштена пунџа.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Кусото здолниште е зачинето со нежни карнери, додека широките ракави и деколтето на креацијата и даваат посебен шмек.

Сопругата на познатиот пејач позираше во седечка положба, во студиото на утринската програма, а како изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Инаку, Јована изгледа подеднакво убаво и кога нема ни грам шминка на лицето, па дури и кога е со несредена фризура.

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Тоа впрочем можевме да го видиме и неодамна кога на социјалните мрежи исплива фотографија на која е во потполно опуштено издание.

Тогаш многумина забележаа дека Јована и без шминка има негуван, убав и блескав тен, и изгледа младолико благодарение на тоа што го преферира природниот изглед и досега нема направено ниту една естетска опepaција.

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Таа годинава влезе во петтата деценија од животот, а за нејзиниот изглед највиновен е спортот што го тренирала во младоста.

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

„Тренирав ракомет осум години. Кога сите девојки одеа на ритмичка гимнастика, балет, моите другарки и јас избравме ракомет. Овој клуб беше блиску до нас и така од љубопитност почнавме да тренираме. Но мене тоа ми се допадна. Тогаш водевме живот на вистински спортисти – подготовки два месеци, тренинг двапати на ден, многумина имаа надеж во нашиот тим. Во тоа време, имав десет килограми повеќе отколку што сум сега, така што ми беше нормално да тренирам некој спорт, кој не е женствен.“ изјави Јована во една пригода потсетувајќи се на деновите од својата младост.

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button