Исплива стара невидена фотографија од најпознатата убавца во цела МАКЕДОНИЈА – ќе се изненадите како изгледала пред 14 години
Убавата и талентирана актерка покажа како изгледала пред повеќе од една деценија.
Таа важи за девојка која има многу таленти и умее да се снајде речиси во секоја улога.
Маријана Станојковска веќе се покажа како одлична водителка, модел, танчарка, пејачка, домаќинка, а сега и актерка.
Таа веќе се докажа како успешна водителка. Имавме можност да ја гледаме како домаќин на многу популарни македонски фестивали, но и емисии, умее да танцува и пее, а во неколку наврати покажа и дека добро се снаоѓа и во кујната.
Односно Маријана на кратките Инстаграм „приказни“ покажа дека е на снимање и тоа не каде било туку во една од најпопуларните серии во Македонија.
Таа се појави на снимање на серијалот „Преспав“ и сподели неколку видеа од сетот, но сепак не откри многу детали за што точно се работи.
Со години е на македонската јавна сцена, па покажа како изгледала пред 14 години кога учествувала во избор за убавина на „Miss Hawaiian Tropic“ па откри дека размислува за промена на бојата на косата.
И тогаш била русокоса, но неколку нијанси потемна коса од тоа што е сега.
Висока витка и неодолива во сребрен костим за капење, Маријана изгледа како сирена.
Во продолжение погледнете како изгледала и колку се променила од тогаш, па се до сега.