Еве кој му го прави најслаткото кафе на најпознатиот фолк пејач од МАКЕДОНИЈА – ќе се воодушевите од оваа фотографија!
Македонскиот фолк-пејач Спасен Силјановски покажа кој му прави најубаво кафе.
Тој важи за еден од најпопуларните пејачи во земјава, но и во дијаспората.
На неговиот глас и песна никој не останува рамнодушен.
Спасен во многу свои интервјуа има истакнато дека неговото семејство е најскапоценото нешто кое го поседува, па сега уште еднаш го докажа тоа.
Тој ја сака и почитува македонската традиција и се труди на своите деца да ги пренесе вистинските морални вредности.
Долги години е во брак со сопругата Ана со која имаат две деца.
Токму неговата ќерка му направи најубаво кафе на својот татко, кое иако горко било најслатко за него.
-Нај нај најубавото кафе го испив денес. Подготвено од вештите раце на госпоѓица Мила Сиљаноска. По обичај пијам горко, но иако без шеќер немате појма колку ова ми беше слатко-напиша Спасен горд на својата ќерка.
Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.
За својата сопруга секогаш има само пофални зборови, па затоа и завидуваат многу жени.
„Фала му на Бога живееме во една прекрасна хармонија, ниеден брак не е совршен, имаме полемики и недоразбирања, но секогаш завршуваат со прекрасен крај, прегратка и бакнеж“, откри Спасен во „Магазин“.