Ова издание на Лила Филиповска многу лесно може да се копира – ПРОБЛЕМАТИЧЕН е само еден детаљ кој не е за секоја дама!
Филиповска во уште едно шик есенско издание
Познатата водителка Лила Филиповска се прошета низ улиците на Скопје во проверено добитно издание. Таа носеше карирани панталони и сако во сива нијанса, а најинтересно е што ова елегантно, но истовремено и провокативно, женствено издание секоја дама може да го позајми.
Единствениот проблемот би бил во тоа истите овие парчиња да се носат со чизмите со кои ги носи Лила.
Имено, покрај тоа што во центарот на вниманието е нејзиното раскошно деколте кое посебно го акцентираше со предимензионираниот златен синџир, водителката ги изненади сите и со она што го носеше на нозете.
Таа наместо елегантни високи потпетици избра робусни моторџиски чизми за кои сепак ќе кажеме дека одлично и стојат на шармантната водителка, но кои истовремено не би можела секоја да ги носи и да изгледа самоуверено како неа.
Лила целото издание го зачини со мала чанта од брендот „Луј Витон“ која што ја носеше префрлена преку рамото, додека лицето и беше покриено со големи очила за сонце.
Инаку, ваквите модели на чизми се хит веќе неколку сезони, а Лила се прошета во нив и неодамна.
Само тогаш наместо со сако и панталони ги носеше со црни хеланки и кожена јакна.
Филиповска и тогаш целото издание го заокружи со чанта од Луј Витон, бренд кој очигледно важи за еден од омилените во нејзините плакари.
Како таа изгледаше во ова издание, но и неколку други нејзини шик изданија, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска