Местото е како од бајките – еве во каков раскош живее Зоран Заев со СОПРУГАТА и како изгледа куќата во која што е роден
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Зоран Заев по тешкиот пораз днесе оставка
И додека се прават анализи што ќе се случува по оставката на премиерот Зоран Заев, ние решивме малце да го промениме фокусот и да се потсетиме кој беше човекот што неколку години владееше со Македонија.
Неговото семејство кое денес важи за едно од најбогатите во нашата земја, потекнува од село Муртино.
Во ова село е роден и Зоран Заев и тој таму живеел се до своите студентски денови кога прв пат ќе го напушти својот дом.
Куќата во која што е роден се уште стои и денес важи за една од најубавите куќи во селото.
Во истата куќа е роден и неговиот брат Вице Заев, кој за разлика од неговиот брат, се занимава исклучиво со бизнис.
Зоран е роден во 1974 година, а како што пишува во биографијата на Заев на официјалната страна на владата на Македонија, тој заедно со неговиот помлад брат биле вклучени во земјоделскиот семеен бизнис кој во тоа време бил единствениот извор на приходи во семејството.
Со текот на времето тие ќе го развиваат бизнисот и денес важат за едно од најбогатите семејства во земјава.
По Муртино и Струмица, Заев ќе дојде на студии во Скопје, а последната година од студиите ќе живее со неговата девојка Зорица Заева, која по една година ќе му стане сопруга, а потоа и мајка на неговите деца.
Тие минатиот септември прославија 25 години брак, а нивната љубовна врска ќе ја започнат во средношколските денови.
Зоран и Зорица се познаваат од мали нозе, бидејќи како деца живееле во исто маало во Струмица, зграда до зграда.
Што се однесува до куќата во која што е роден Заев, пред неколку години новинарка Славица Филиповска од емисијата „360 степени“ направи репортажа за животот и местото од каде што потекнува и растел Зоран Заев.
Како таа изгледа, погледнете во продолжение…
Од друга страна и самиот Заев неодамна објави неколку фотографии од својот дом во кој што живее со семејството. Тие беа направени за време на пописот, кога тој заедно со сопругата ги примија попишувачите во својот дом.
Зоран и Зорица денес живеат во оваа куќа заедно со нивниот син Душко, додека ќерката Александра живее во Софија каде што е запишана на студии по медицина. Таа на почетокот, пред нејзиниот татко да седне во премиерската фотелја, беше мошне популарна на социјалните мрежи, а по многубројните критики, но и чести напади на говор на омраза преку интернет, реши да се повлече, па својот профил го направи приватен и веќе некое време многу поретко објавува фотографии.
Но таа денес реши да се огласи, па објави фотографија со нејзиниот татко на која што напиша кратко:
„Мојот херој“.
Но дали Заев беше „херој“ или „предавник“ како што денес многумина го нарекуваат, ќе покаже времето и историјата, а она што е сигурно дека Македонија ја очекува политичка неизвесност и „жешка“ зима.
Што ќе се случува во следните денови, во моментов никој не знае со сигурност, но откако ќе спласне еуфоријата кај оние што победија и емоциите кај оние што изгубија, најдобро би било сите да ги засукаме ракавите.
И да почнеме да градиме, наместо да растураме, и да бидеме конструктивни, наместо деструктивни.
Само во таков свет сите можеме да бидеме херои, и наместо политичарите да се нашите најголеми ѕвезди, конечно да ги добиеме и ние оние што навистина блескаат, но не само затоа што се познати, туку и затоа што се посебни.
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев