Цеца во најкусото фустанче што сме ја виделе досега, гореше студиото во „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ – еве зошто сите гледаа во овој детаљ!
Пејачката го украде шоуто
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ вчера се појави на снимањето на новата емисија од „Ѕвездите на Гранд“, а денес сите зборуваат за неа.
Пејачката во претходната епизода беше оправдано отсутна (повеќе за ова можете да прочитате тука), а на нејзино место беше Ивана Петерс. И само еден ден потоа, пејачката сепак се појави во студиото, дотерана како никогаш досега и со своето издание никого не остави рамнодушен.
Цеца пред студиото се појави во елегантен бел капут, но она што го „криеше“ под него беше вистинско изненадување за сите.
Имено, кога таа го соблече капутот настана молк во студиото. Таа носеше фустан од циркони и бисери со кои пејачката блескаше, а во фокусот на сите им беа и проѕирните детали кои го красеа целиот фустан.
И бидејќи е во прашање модел под кој многу лесно би можело да се види дoлнaта облека, многумина се прашуваа дали пејачката решила истата да ја остави дома или пак искористила некој трик да не се гледа.
Како и да е, Ражнатовиќ едноставно блескаше во овој провокативен фустан со кој го истакна своето феноменално тело.
Таа целото издание го заокружи со коса врзана во висока пунџа, големи обетки и сандали со тенки, високи потпетици.
Балканската фолк-дива својата витка линија посебно ја истакна со проѕирниот дел кој започнува од колковите па завршува во висина на нејзините гради.
Заради смелиот изглед пејачката доби голем број пофалби, а како изгледаше во ова издание погледнете во продолжение.
Инаку, покрај Цеца и нејзината колепка Ана Бекута никого не остави рамнодушен со своето последно издание во „Ѕвездите на Гранд“.
Пејачката се појави во црни, широки панталони и сако во иста боја, со светкави моменти, а на главата имаше интересна голема панделка во црвена боја, на која со големи букви на кирилица беше напишано „љубов“.
Не се сомневаме дека и Ана ги изненади сите со ова нејзино издание во какво дефинитивно досега ја немаме видено во шоуто.
Погледнете како изгледаа и останатите членови а жирито, но и преубавата водителка Сања Кужет која исто така никого не остави рамнодушен.
Имено, убавата водителка која на сцената секогаш изгледа како на модна писта, уживаше позирајќи во преубавиот долг фустан полн со дијаманти, па публиката со нетрпение чека да ја види во новата епизода. Што и да облече, Кужет изгледа прекрасно, а тоа секако беше случајот и овој пат.
Нејзиниот колега Воја Недељковиќ дојде во црн костум со црвена панделка, а во црно беа облечени и пејачките Снежана Ѓуришиќ и Ивана Петерс.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд