Многу познати дами имаат свои тајни обожаватели но Лила го има НАЈДОБРИОТ – еве какви подароци постојано добива од него!
Кога е таа во прашање се чини дека нема жена која не и завидува.
Освен што е убава и згодна, Лила Филиповска е една од најпопуларните водителки во земјава и постојано е активна на социјалните мрежи.
На нејзиниот начин на живот, облекување и фигура завидуваат сите жени, а сега има и нова причина за тоа.
Имено Лила веќе неколку недели наназад секоја среда добива букет рози од анонимен обожавател кој освен цвеќе и испраќа и по една мистериозна и романтична порака.
-Упорноста е вистинскиот пат до успех. Се гледаме по 111 пат или поточно после 777 дена-стоеше овојпат во пораката.
Лила изминатите месец дена секоја среда добива по 11 рози, но засега не се знае кој е испраќачот.
Шармантна, убава и секогаш забавна, таа знае како да го задржи вниманието на гледачите пред малите екрани, па иако со години ја знаеме таа секогаш знае како да внесе свежина и новитети во својата работа.
Секогаш дотерана и скоцкана од глава до петици таа е пример како треба да изгледа вистинска дама.
Иако неодамна наполни 50 години, таа гордо ги носи и изгледа подобро од било кога.
Уникатна како и секогаш, Лила и својот роденден го славеше два дена по ред.
Ноќта пред нејзиниот роденден и приредија изненадување, а таа доби необична „торта“ односно огромен хамбургер, а наредниот ден следуваше вистинска забава заедно со своите најблиски, а Лила како и секогаш блескаше!