И кога е во опуштено издание, повторно изгледа како милион долари – ПОГЛЕДНЕТЕ како Данела го носи хит трендот за оваа есен!
Политиката знае да биде монотона и сива, но ние денес ќе се обидеме да ја пронајдеме и нејзината убава страна.
Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, овие денови работи под полна пареа.
Доколку освои победа во вториот круг на локалните избори Данела би била првата жена градоначалник на главниот град на Македонија по цели шест децении.
Имено, последната жена на чело на градот Скопје беше Вера Ацева која беше градоначалничка во 1948 година.
Данела во вториот круг влегува со мала предност пред актуелниот градоначалник Петре Шилегов, кој е нејзиниот противкандидат.
Што се однесува до нејзиниот стил, нешто за што би сакале денес да позборуваме, од она што досега можевме да го видиме, оваа дама ретко прави модни грешки. Без разлика дали е во некое стокмено деловно или опуштено издание, оваа грациозна дама секогаш изгледа убаво и елегантно.
Има харизма со која плени каде и да се појави, а тоа го прави ноншалантно и неподносливо лесно дури и кога е во своите кежуал изданија. Имено, Арсовска досега многу пати ни покажа дека и во овие „политички“ моменти може да ја истакне елеганцијата и женственоста и кога носи опуштени парчиња, посебно ако внимателно го изберете секој моден детаљ.
Убавата кандидатка блескаше во едноставната, но повторно впечатлива комбинација во вистинските есенски тонови, а основата во ова нејзино издание беа сакото во темно зелена боја, нешто што секоја дама од стил би требало да го има во плакарот и што трае со години.
Таа носеше и тесни, темни фармерки кои исто така се маст-хев, но и тренди бели патики кои се хит веќе неколку сезони.
Имено, од фотографиите што стојт на профилот на Данела на социјалните мрежи можеме да видиме дека оваа дама во својот плакар има неверојатно добар модел на патики. Во прашање се патики со дизајн инспириран од ретро стиловите, од кои таа едноставно не се одделува.
Идеални за есен и зима
Класичните бели патики секогаш се добар избор, па дури и кога ги носите во нетипични деловни изданија.
Моделот што го носи Данела во валкано бела нијанса е посебно впечатлив и конечниот ефект со нив е неверојатно шик.
Нивната предност е што се направени од кожа, па можете слободно да ги носите и со капут дури и кога е врнежливо.
Белите кожни патики се одличен избор за есенскиот и зимскиот период, и тоа во најразлични модни комбинации.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од ова нејзино издание кога своите омилени бели патики ги носеше во комбинација со сако кое исто така важи за едно од омилените модни парчиња во плакарите на Арсовска.
Но Данела подеднакво добро ги „фура“ и со кошула и панталони, што можеме да го видиме од следната фотографија.
Па кога ќе ви здодее од чевли и високи потпетици, слободно изберете патики. Тие се удобни, модерни, но и мнооогу лесно можете да ги комбинираме со најразлични парчиња и затоа со нив никогаш не можете да згрешите.
Тоа очигледно многу добро го знае и Данела, а неколку модели за кои таа ни беше инспирација, погледнете во продолжение:
Veja V-10 Sneaker
Givenchy
Converse
Nike
adidas
Golden Goose
Greats