Реклама
Наши ѕвезди

Татјана веќе со децении важи за една од најшармантните водителки во Македонија, а сега покажа и од кого ја наследила убавината!

Реклама

ТВ презентерката и поранешна убавица уште еднаш покажа што значи безвременска убавина.

Веќе години наназад таа важи за една од најубавите жени во Македонија која зрачи со шарм и отменост.

Маркетинг

Шармантната Татјана Стојановска или како многумина ја нарекуваат македонската Моника Белучи кариерата ја започнала ја започнала во далечната 1992 година кога победи и ја освои титулата Мис Македонија, а потоа и Мис Планета во соседна Бугарија.

Секогаш професионална и една од ретките која се труди да го негува литературниот изговор.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Иако ја гази веќе петтата деценија Татјана изгледа фантастично и се чини за неа времето како да застанало, а таа едноставно не старее.

Татјана Стојановска на својот профил на Фејсбук објави фотографија и покажа од кого ги наследила добрите гени.

Фото: Фејсбук/ Татјана Стојановска

На фотографијата е во друштво на нејзината мајка и синот Матеј.

„Три генерации“ – напиша таа.

Фото: Фејсбук/ Татјана Стојановска

Според фотографијата евидентно е дека нејзината мајка Катерина е вистинска дама која изгледа беспрекорно за своите години, а најверојатно Татјана тоа го има наследено од неа.

Гледајќи го и нејзиниот син, очигледно е дека добрите гени во ова семејство се наследни.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Инаку Татјана беше во брак со пејачот Благоја Груевски со кого го доби синот Матеј пред 23 години, но нивниот брак не траеше долго.

Неодамна во едно интервју за „ММС“ таа откри дека веќе 7 години живее Михаил, па откри што најмногу и се допаѓа кај него.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

– Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење. Секако поради одредени околности, приспособувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели? Она што нас не поврза е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата. Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сè интелектот, приземјеноста во се. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне. Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што нè спојува-вели Татјана за „ММС“.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button