Млада Македонка од Австрија настапи во „Ѕвездите на Гранд“ – Цеца Ражнатовиќ имаше само едно нешто да и порача (фото)
Каролин Велковски која по потекло е од Македонија, а живее во Виена, се престави во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд.
Каролин никогаш претходно нема настапувано никаде, а оваа сабота успеа да добие само еден глас и тоа од Ана Бекута.
Младата пејачка се престави со песната „Алкатраз“ од Северина и „1003“ од Тамара Тодевска, кои според пејачката Ана Бекута беа погрешен избор за неа.
„Ова беше претешко за тебе, иако во првата песна се снајде, но другата беше многу лоша“, коментираше Бекута.
Од друга страна Цеца пак коментираше дека не гласала за неа, но дека тоа не значи дека нема да биде добра пејачка.
„Тоа дека може да се направи нешто, може“, додаде таа.
Мора да работи и мора да се труди нешто да направи, изјави Цеца, а Саша Поповиќ коментираше дека убаво изгледа и дека убаво пее, додека Марија Шерифовиќ коментираше дека најдобро би било Мили да ја земе во својот тим и да се обиде нешто да направи од неа.
Мили беше пресреќен што Каролин заврши кај него.
Покрај Каролин, во следниот круг се пласираа уште 17 кандидати, a меѓу нив и штипјанецот Горан Тонев.
Горан заврши во тимот на Цеца која беше воодушевена како од неговиот настап, така и од неговиот изглед.
Повеќе фотографии од Каролин, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски
Фото: Инстаграм/ Каролин Велковски