Мажите гледаат со подотворена уста – Тијана Дапчевиќ во едно од НАЈДОБРИТЕ ИЗДАНИЈА што сме ја виделе досега!
Единствена и своја иако е долги години на музичката сцена, се чини дека во последно време го менува својот имиџ.
Ако порано можевме да ја видиме само во спортски и опуштени изданија, сега е сè почеста пракса да се појави во фустан и во поженствени изданија.
Тијана Дапчевиќ неодамна се пофали со новата фигура, имено успеа драстично да ослабе и изгуби вишок килограми, па изгледа подобро од било кога.
Таа го покажа своето затегнато тело, но и новата фризура и предизвика бројни пофалби на сметка на својот изглед.
Тијана најпрво се пофали со новата фризура – долга руса коса врзана во опавче, но и стомачните мускули и тесната половина.
Во последно време таа често го истакнува своето тело, но интересно е дека тоа го прави во долги и тесни тоалети кои совршено го истакнуваат нејзиното тело.
Откако позираше во костим за капење летово, сега Тијана ги истакна своите облини во црвен лелеав фустан.
Имено пејачката позираше во црвен фустан со длабоко деколте речиси до папокот.
Нема потреба да се каже дека фотографиите за кратко време добија илјадници коментари и лајкови, кој со сигурност ќе и годат на нашата Тијана.
Тијана има богата музичка кариера, но се чини дека луѓето во последно време најмногу ја препознаваат како Ула од хумористичната серија „Преспав“.
Иако Тијана живее во Белград, деновиве таа е во Скопје и толку поради снимање на шестата сезона од серијата „Преспав“.
Таа е во брак со Милан Дапчевиќ го имаат синот Вук со кој ужива и се гордее.