Она што Џамбазов и го порача на Илина ги воодушеви сите – ова е една од најубавите љубовни пораки што кружат на социјалните мрежи!
Откако се вљуби се чини како да е нов човек.
Познатиот шоумен не поминува ден, а да не посвети некоја порака или фотографија со својата сакана.
Откако ја обелоденија својата врска, Игор Џамбазов не престанува да и покажува на својата сакана Илина Арсовска колку е вљубен в неа.
Пораки, фотографии и видеа постојано и посветува, а ништо помалку не прави и Илина.
Изминатиов период Илина беше посветена на својата „прва“ страст, а тоа е планинарењето и искачување на нови врвови, па долг период беше надвор од Македонија, а Игор со нетрпение очекува да му се врати.
Така тој пресреќен, но и малку во неверување сподели фотографија од Илина која е во авион, па праша:! И што викаш се враќаш набргу, ил со мен се подиграваш?“.
Додека пак под фотографијата на Илина во авион на која носи заштитна маска на која пишува Игор стои: „Не бе онака решив да се качам во авион“.
Една симпатична фотографија и порака дека Игор и Илина конечно ќе бидат заедно.
Сепак она што на сите им падна во очи посебно на жените е порака која Игор ја сподели на Инстаграм.
Нема жена која не би сакала да ги слушне овие зборови од својот маж.
„Страшно ме нервира кога некој ќе рече дека ИМАЛ многу жени. Јас под ИМАЊЕ подразбирам целосна предаденост, целосна конекција и нешто трајно, бесконечно. А тоа може да се има само со една жена“ стои во пораката.
Нема жена која би останала рамнодушна на ова и не би се согласила со Игор, па затоа Илина е вистинска среќничка.
Тие ги освоија симпатиите на јавноста со своите прекрасни фотографии, а многумина се среќни што Игор конечно ја најде својата сродна душа.