Еве како македонската Аријана Гранде ја одржува својата фигура – КИЛОГРАМИТЕ не и се проблем откако го прави ова!
Една од најатрактивните пејачки во Македонија покажа како ја одржува совршената фигура.
Во последно време младата пејачка позира во се посмели изданија, а изгледа поубаво од било кога.
Антониа Гиговска својата кариера ја започна на „Пинкови ѕвездички“ каде го освои целиот регион.
Во 2018 година таа беше избрана за придружен вокал на групата „Eye Cue“ која ја претставуваше Македонија на Евровизија, а потоа уште еднаш во 2019 беше пропратен вокал на Тамара Тодевска каде Македонија го остварила најдобриот пласман досега на 7 место.
Потоа таа сними неколку песни, а за време на короната поради долгиот карантин таа качи неколку килограми повеќе, но се потруди тоа да не остане така.
Имено, шармантната Гиговска во интервју за „Репортер“ откри дека ослабнала со многу упорност, вежбање и откако го променила начинот на исхрана, а големо влијание во нејзината одлука да почне со слабеење имала нутриционистката Клаудија Адеми, девојката која исто така им помогна и на познатите пејачки Ана Бекута и Инди да ослабнат.
Младата Антониа својата фигура ја доведе до совршенство, а сега сподели и кратко видео од фитнес студио.
Таа напорно вежба, а се чини дека сето тоа се исплати, а пејачката ужива да ги покажува резултатите.
Облечена во тесни хеланки и краток црн топ Антониа ги покажа совршените стомачни и насмеано позираше кон камерата.
Често се појавува во се пооскудна облека кои ја истакнуваат нејзината фигура, а така беше и во утринската емисија на познатата водителка од телевизија Пинк, Јована Јеремиќ.
Во краток бел топ, бели панталони и сино сако пејачката не остави никого рамнодушен, како со својот глас така и со својот стајлинг.
Убава и модерна, Антониа често ја споредуваат со младата светска пејачка Ариана Гранде со која имаат сличен модерен стил, но и прекрасен глас.