Има само 16 година, а со својот настап ја изненади и Марија Шерифовиќ – македонската Гранд ѕвезда за која зборува целиот Балкан!
Младата девојка кога се појави на сцената и запеа со својот моќен глас никого не остави рамнодушен.
Во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“ едно од најголемите изненадувања беше Македонката Драгана Костова.
Пејачката од Струмица ги воодушеви сите со своите вокални способности, но и со тоа што има само 16 години.
Костова ја избра песната „Круна“ од Невена Божовиќ и веќе со првите тактови ги освои гласовите на жирито.
Младата пејачка со својот моќен вокал ги воодушеви сите во студиото и ги освои сите седум гласови.
По нејзиниот настап Саша Поповиќ и даде да избере кој ќе и биде ментор, а Костова без да размислува ја избра Шерифовиќ.
Како таа изгледаше погледнете во продолжение:
Инаку, младата девојка зад сцената имаше поддршка од своите родители и нејзината помала сестричка.
Тие беа дојдени во Белград да ја бодрат, и ова не им беше прв пат, бидејќи ова не и е прв пат на Драгана да се натпреварува во ова студио. Имено, таа пред неколку години учествуваше во шоуто „Некои нови клинци“, кога стигна до самото финале, а потоа и го освои престижното второ место.
Многумина се сигурни дека и во ова шоу ќе стигне далеку, а за сега важи за една од пејачките со најдобар глас.
За младата струмичанка веќе пишуваа речиси сите медиуми во соседството, а како таа звучеше на својот прв настап погледнете на крајот од текстот.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Драгана Костова
Фото: Инстаграм/ Драгана Костова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Драгана Костова
Фото: Инстаграм/ Драгана Костова
Фото: Инстаграм/ Драгана Костова