Реклама
Вирално

Еве како изгледаа сопругите на нашите политичари на изборите – ПОГЛЕДНЕТЕ, една од нив доминираше со своето издание!

Реклама

Вчерашниот ден го одбележаа локалните избори кои се одржаа во Македонија, но вниманието го украдоа сопругите на политичарите.

Многумина од македонските политичари се појавија на гласачките места заедно со своите сопруги кои го извршија своето граѓанско право и гласаа.

Маркетинг

Секоја од нив блескаше, но една посебно го украде вниманието на македонската јавност.

Претседателот Стево Пендаровски заедно со синот и сопругата Елизабета гласаше во населба Автокоманда, а првата дама како и секогаш со едноставен стајлинг остави силен впечаток.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Стево Пендаровски
Фото: Фејсбук/ Стево Пендаровски

Истото го направи и премиерот Заев кој заедно со својата сопруга Зорица и ќерката Александра гласаше во родната Струмица.

Зорица за оваа пригода избра црвен костим кој е моден погодок оваа еден, а Александра како што и прилега на годините се појави во фармерки со висок струк, црна блуза и сако.

Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев
Фото: Фејсбук/ Зоран Заев

Правото на глас го искористи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој заедно со сопругата Рози гласаше во Влае.

Неговата поубава половина блесна во темносина кошула, црно здолниште и високи потпетици.

Фото: Фејсбук/ Христијан Мицкски
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицкски

Мицкоски се заблагодари на сите кои гласале без разлика за кого го дале својот глас,

-Без разлика за кого го дадоа својот глас, ја имаат сета моја почит и им благодарам за тоа што го остварија своето граѓанско право и излегоа на овие избори, рече Мицкоски.

Во Куманово пак независниот кандидат Максим Димитриевски заедно со својата сопруга Надица го оствари своето право на глас.

Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски
Фото: Фејсбук/ Максим Димитриевски

Надица облечена во црна комбинација, стајлингот го заокружи со долг капут во беж боја која одлично и прилега.

Сепак се чини дека една од сопругите на политичарите доминираше со својот стајлинг и блесна како на црвен тепих.

Тоа беше сопругата на Љупчо Николовски кој е политичар од редовите на СДСМ и заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски

Андријана се појави во црвен фустан, црвени потпетици и плик ташничка во иста нијанса и облече капут со крзно околу вратот и изгледаше како холивудска дама.

Заедно со Николовски тие гласаа во нивната родна Крива Паланка, а во коментари многумина го пофалија нивниот изглед и порачаа дека се најубав пар!

Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button