Македонската Гранд ѕвезда во уште едно БPУТAЛНО издание – и Ким КАРДАШИЈАН може капа да и симне за оваа комбинација
Младата пејачка уште еднаш ја покажа својата совршена линија
Марија Груевска која што беше една од финалистките во „Ѕвездите на Гранд“ деновиве учествуваше во една емисија.
Пејачката за таа пригода беше дотерана од глава до пети и го привлече вниманието како на присутните, но и на гледачите.
Имено, Марија за оваа пригода избра поприлично смела комбинација со која сите ги остави без зборови.
Иако не експериментира толку често со косата како и со облеката и модните дотатоци, убавата пејачка овој пат „фураше“ фризура со која никого не остави рамнодушен и со која изгледаше „поопасно“ од било кога досега.
Таа позираше покрај уште две познати дами од Македонија, привлекувајќи им го вниманието на случајните минувачи.
Како изгледаше таа, но и водителките Елена Стефановска и Александра Пановска Илиевска погледнете во продолжение.
Само да потсетиме, Марија беше една од најдобрите учеснички во последната завршена сезона од „Ѕвездите на Гранд“.
Таа стигна до финалето воодушевувајќи ги сите со своите екстравагантни настапи за кои се уште се зборува.
Како што самата изјави во една пригода, нејзина цел беше да ја прикаже жената во најразлично светло, што успешно го направи.
Таа на сцената се појави како божица, танчерка, монахиња, а нејзините костуми никого не оставија рамнодушен.
Карлеуша ја пофали дека има тело како Ким Кардашијан, но и дека го подигна целото шоу на едно повисоко ниво.
Како таа изгледаше на сцената во Ѕвездите на Гранд, но и како изгледа во приватниот живот, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска