Нема жена што не би сакала да ја има оваа чанта од Шанел – ќе се „ШОКИРАТЕ“ кога ќе видите колку Цеца платила за неа
Фолк ѕвездата никого не став рамнодушен кога во ова здание се појави во студиото на Ѕвездите на Гранд.
Пејачката видно расположена влезе во студиото, облечена во крем блуска која што ја следи линијата на телото и црни панталони.
Панталоните што ги носеше Цеца се со висок струк, додека во нозете при дното се полека шират во ѕвонарки.
Ражнатовиќ ова свое елегантно издание го заокружи со црна чанта од еден од најомилените модни брендови на жените.
Во прашање е класичен модел од Шанел од најновата колекција за есен/зима 2021 кој чини преку 2300 евра.
Ова е еден од омилените брендови и на познатата пејачка која во своите плакари има неколку различни модели.
Таа со ова издание ги воодушеви жените кои веднаш ја пофалија дека нејзината комбинација повторно е полн погодок.
Како изгледаше Цеца во ова свое издание, како и неколку други модели на чанти од познатиот бренд погледнете во продолжение.
Пејачката и во една од претходните емисии своето опасно модно издание го заокружи со сличен модел од истиот бренд.
Цеца тогаш носеше црвено од глава до пети, а покрај нејзиното деколте кое блескаше под црвеното сако, вниманието го украде и луксузниот моден додаток што го носеше во рацете.
Во прашање е плико чанта од истиот бренд чија боја и златна копча одлично се вклопи со целото издание на Цеца.
Како пејачката изгледаше во црвено од главата до пети, боја која очигледно и е една од омилените, погледнете во продолжение.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм