Еве со кого Тошиќ уживаше во Милано додека Карлеуша им пееше на гастербајтерите во Австрија во издание од 1500 евра (фото)
Сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, е поприлично активен на социјалните мрежи во последно време.
И додека Јелена Карлеуша имаше свој настап во Австрија, каде направи вистински спектакл, нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ, ужива во Италија.
Неговите нови фотографии покажуваат дека тој од Париз заминал за Милано, а како што пишуваат српските медиуми, познатиот фудбалер наводно во последно време се повеќе се занимава со својата нова работа.
Имено, и покрај тоа што се уште е фудбалер, сопругот на познатата пејачка во последно време се почесто се занимава и со менаџерска работа. Тој досега посредуваше во неколку успешни трансфери, а неодамна во Париз беше и со селекторот на српската репрезентација.
Неговите нови фотографии покажуваат дека тој продолжува вредно да работи на својот нов повик во животот.
Тој најпрво присуствуваше на фудбалскиот натпревар во Милано, а потоа се дружеше со своите колеги.
Од неговите објави можеме да видиме дека беше на вечера со познатиот тренер и поранешен фудбалер Џовани ван Бронкхорст, а фотографијата што ја објави на социјалните мрежи ги воодушеви сите.
Од друга страна пак и Јелена Карлеуша во последно време е поприлично активна и постојано има настапи.
Таа овој викенд имаше спектакуларен настап во Австрија каде што никого не остави рамнодушен со својот изглед.
Таа на сцената се појави во црвен „комбинезон“ кој повеќе откриваше отколку што сокриваше.
Популарната пејачка носеше ниско спуштени панталони под кои се гледаше нејзината долна облека.
Нејзината коса беше врзана во две високи опавчиња, додека останатиот дел од косата беше пуштен, а многу жени одлепија од нејзините црвени салонски со панделка и екстремно високи потпетици.
Карлеуша за панталоните и јакната издвои околу 300 евра, додека за опасните високи потпетици околу 1000 евра.
Како таа изгледаше, но и како изгледаат едни од нејзините омилени нови чевли, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Омилените сандали на Карлеуша
Карлеуша неодамна се пофали со своите розови сандали со висока платформа и златни детали со кои ги воодушеви сите.
Во прашање е познатиот модел од Версаче за кој Јелена со задоволство издвои повеќе од 1000 евра.
Моделот може да се најде во неколку бои, а како изгледа и колку чини на официјалната страна на брендот погледнете во продолжение.