Најпознатата македонска Гранд ѕвезда има голема причина за славење – честитки пристигаат од сите страни, но оваа и е најдрага
Голема причина за славење имаше во домот на македонската Гранд ѕвезда.
Марија Груевска е девојката која јавноста ја запозна по нејзиното учество во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд каде уште со својот прв настап направу „бум“ и ја освои публиката. За секој нејзин настап се зборуваше долго после тоа.
По потекло е од Битола, а на свои 23 години веќе добро си го има зацементирано патот по кој ќе се движи само кон успех во музичката кариера.
Она што малкумина го знаат за неа е дека својата кариера ја започнала уште додека била мало девојче со учество на детската Евровизија, а потоа се пријавила и на Икс Фактор.
Секогаш во ексцентрични костими, на свој начин ги изведуваше најголемите балкански хитови. За нејзиниот настап на кој се појави со змија околу половината пишуваа сите балкански медиуми.
Груевска уште од самиот почеток на учество во ова шоу, ја имаше титулата за најекстравагантен учесник.
„За мене Ѕвездите на Гранд беше место и простор медиумски да го претставиме она што го работиме и така и беше. Јас и мојот професор се занимававме повеќе со џез и блуз, но сепак сме во Македонија, па одлучивме сите наши балкански песни да ги преработиме во верзија која ќе може цел свет да ги разбере“, кажа младата пејачка во едно свое телевизиско интервју.
Идејата да се прави шоу на сцената всушност била на нејзиниот татко, кој инаку е свештено лице.
„Инспирација всушност ми беше таа, кога ќе ја познавате својата ќерка како јас неа, тогаш знаете што има таа во себе, што сака да покаже. Марија сака да ја покаже жената во секое лице, и успеа во тоа. Ние ги поместуваме границите, тешко е во денешно време да ги поместувате границите, но немој мора, ние прифативме дека ќе име и вакви и онакви реакции, но ние сите ги прифативме“, изјави Груевски.
Пејачката е постојано подложна на промени, па публиката веќе навикна да ја гледа во различни изданија.
Буквално е нпредвидлива и не се знае кога во каво издание ќе ја видите.
Периодов таа на Инстаграм сподели фотографии од нејзината нова боја на коса.
Марија одлучи да ја смени медовата боја на коса, па сега е целосно русокоса.
Мора да се признае дека одлично ѝ прилега.
Вчера во нејзиниот дом имаше нова причина за славење.
Марија славеше роденден, а по тој повод доби и изненадување од својата фризерка.
Од видеото кое го сподели на Инстаграм може да се забележи дека пејачката била видно изненадена и среќна.
Честитките не престанаа да се редат и ден подоцна.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска