Нашата Гранд ѕвезда покажа од кого ја наследила убавината и ги сруши социјалните мрежи – од неа секогаш има голема поддршка
Убавата македонска пејачка и честиташе роденден на својата мајка и покажа колку си личат.
Кога ќе ја погледнете фотографијата повеќе од јасно е од кого младата Антониа Гиговска ја наследила убавината.
Антониа веќе на големо ја освојува македонската музичка сцена и за кратко време сними неколку песни кои веднаш станаа хитови.
Повеќе од јасно е дека нејзината мајка Катерина е горда на неа, но горда е и Антониа со својата мајка.
Таа секоја година јавно и го честита роденденот, па така и оваа година.
„Среќен роденден мама … Те сакам“ напиша Антониа и објави кратко видео со нејзината мајка на која двете дами една до друга позираат насмеани.
Антониа понекогаш знае да сподели и фотографии од нејзиното семејство. Своите фанови посебно ги изненади кога објави фотографија со нејзината мајка, за која вели дека ѝ е најголемата поддршка во животот.
„Мојот свет, мојата поддршка, моето сè“-напиша таа во описот на фотографија каде позира насмеана заедно со мајка си.
Инаку Антониа се здоби со популарност во регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“ каде целиот регион слушна за неа.
Многумина и денес се сеќаваат на нејзиниот настап кога пред шест години ги маѓепса сите со својата убавина и глас.
Убава и модерна, Антониа често ја споредуваат со младата светска пејачка Арина Гранде со која имаат сличен модерен стил, но и прекрасен глас.
Антониа со напорни тренинзи и со помош на нутриционист на успеа своето тело да го доведе до совршенство, па оттогаш не престанува гордо да го покажува и да се појаува во се посмели стајлинзи.