Македонскиот виртуоз на пијано имаше убава причина за славење.
Нашата гордост, пијанистот Симон Трпчески има поминато низ трнлив пат за да стигне онаму каде што е сега во животот.
За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот.
Тој е најдобриот македонски пијанист на сите времиња.
Неговите настапи денес најпознатите светски сали се преполни, а свири со најдобрите диригенти и оркестар.
За него англискиот Тајмс ќе каже дека е „абнормално нормален пијанист“, а на еден настан ќе се запознае лично со принцот Чарлс.
Негова најголема поддршка ниц животот е неговата сопруга Даниела.
Тој скоро никогаш не зборува јавно за својот приватен живот, а можеби токму тоа е тајната за успешен брак.
Заедно се повеќе од 12 години, а се запознале во средно училиште и десет години беа во врска пред да се заколнат на вечна љубов.
Тие стапија во брак во 2008 година и денес ја имаат ќерката Лара и машките близнаци Андреј и Стефан, на кои и двајцата се многу горди.
Неговата избраничка ретко се експонира, освен на неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.
„Даниела ме привлече со убавината, оти фала му на Бога, поубава е од мене, ама и со праведноста“, изјави Симон пред неколку месеци во интервју за Репортер. Неговата поубава половина е психолог по професија, и како што вели во шега Трпчески, секојдневно го анализира.
На 1 октомври виртуозот на пијано со задоцнување го прослави својот 42 роденден.
Иако на својот Фејсбук профил ретко споделува фотографии од приватниот живот, најчесто објавите му се поврзани со кариерата, овој пат тој јс изненади публиката.
На Фејсбук ја покажа својата роденденска торта која е мошне интересна.
По враќањето од Виена во својата родна Мскедонија, Симон бил пречекан од своето семејство со роденденска торта.
Авионот на тортатата ги симболизира патувањата, кои се неизоставен дел од животот на пијанистот, а знамињата се само дел од земјите во кои Симон бил.
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески
Фото: Фејсбук / Симон Трпчески