Ибуш Ибраимовски откри за кого е напишана песната „Розо моја – најголемиот македонски хит е напишан според вистинска приказна
Го отпеа најголемиот хит на сите времиња, а сега откри и каква приказна се крие зад таа песна.
Препознатлив е по шеширите кои секогаш ги носи, музичката кариера ја започнал во раните 70-ти години, оттогаш пропатувал многу, а скоро и нема фестивал на кој Ибуш Ибраимовски нема настапувано.
Публиката е веднаш на нозе кога ќе го слушне неговиот евергрин „Розо моја“.
Потекнува од музикално семејство, а уште од многу млад ја започнал својата музичка кариера со која до ден денес се занимава. Важи за голем професионалец.
Неговата песна „Розо моја“ стана огромен хит, иако првично тој не сакал да ја отпее.
Во емисијата „Магазин“ пејачот откри дека прво ја одбил оваа песна, па истата им била понудена на фолк- пејачите Горан Тодоровски и Душко Георгиевски кои не прифатиле да ја пеат. Кога втор пат ја слушнал, дури тогаш sфатил дека е создадена за него.
„Не ми легна одма. Морав да ја слушам малку повеќе. Кога вториот пат му ја пуштив на мојот колега Томче и рече дека е убава, реков дека за инает ќе ја пеам. Ја испеавме на Тетовски филиграни. Таму гледам публиката реагираше јако, велам гласови мора да има песнава. Светлана Радевска ми вика „Ибуш не си ни меѓу првите три“. Кога се пребројуваа гласовите гледам повеќе се за мене. Мене ми дадоа да поделам прво место со Јакимовски еден пејач кој дојде од Германија“, кажа Ибуш.
После долги години, во 216 година оваа песна доби и видео запис и одново оживеа.
Невозможно е свадбена или било каква семејна прослава да помине без „Розо моја“.
Малкумина знаат, но оваа песна всушност е напишана според вистинска приказна.
Текстот е на Огнен Неделковски кој е работен по вистинска приказна за неговата сопруга Соња.
„Текст кој допира од најмладите до најстарите. Луѓево штом ја слушнат песнава реагираат добро. И во Австралија кога ја запеав цела сала беше на подиум“, кажа Ибуш.
Инаку шеширот препознатлив белег на неговиот имиџ и синоним за боем. Тој откри зошто првично започнал да ги носи.
„Имам над 50 шешири дома. Најдрагиот ми е од татко ми, кој е починат. Неговиот шешир го земав, оти тој носеше шешир цел живот. Секогаш патев од тоа зошто сум ќелав.
А, репчето почнав да го носам во 1993 година на фестивалот Цветници. Мала ми беше косата и решив да фатам репче“, откри пејачот.
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски
Фото: Фејсбук / Ибуш Ибраимовски