Реклама
Наши ѕвезди

Синот на Зафир Хаџиманов ги растажи сите со емотивната објава на социјалните мрежи – еве што напиша за неговиот татко

Реклама

Синот на легендарниот Зафир Хаџиманов сподели нивна заеднчка фотографија со посвета за својот татко.

На 78-годишна возраст, оваа година, битката со коронавирусот ја изгуби Зафир Хаџиманов, познатиот македонски пејач, композитор, актер и поет.

Маркетинг

Не постои некој што не ги знае „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“ кои до ден денес ги пеат и новите генерации.

Зафир Хаџиманов по таткова линија потекнува од Кавадарци, додека по мајчина е скопјанец. Дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград.

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Неговото срце го освои една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ-Хаџиманов.

Маркетинг

Круна на нивната љубов е нивниот син Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Веста за згаснувањето на животот на Зафир на социјалните мрежи ја соопшти неговиот син.

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

„Денеска почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест. Позади себе остави вистинското богатство, од песните што така мајсторски лесно ги интерпретираше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па се’ до неповторливите улоги во театар и на филм. Но, пред и над сè, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата неизмерна љубов, внимание и поддршка.

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Сенка и он беа едни од најталентираните и најубавите двојки во историјата на овие простори.

Ненадминливи. Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата се’ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер.. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш!“, напиша Васил на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Шест месеци по згаснувањето на животот на Зафир, неговото семејство се уште е скршно од болка и неутешно.

Неговиот син сподели нивна заедничка фотографија и посвети кратка и емотивна порака за него.

„Денеска навршуваат 6 месеци откако Зафир не напушти. Слава му“, напиша тој на Фејсбук.

Фото: Фејсбук / Васил Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Марта Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Марта Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Васил Хаџиманов

Фото: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button