Вики Миљковиќ се појави без шминка во „Ѕвездите на Гранд“ и ги „ШOKИPAШЕ“ сите – еве како пејачката навистина изгледа
Вики ги изненади сите
Публиката е навикната да ја гледа Вики Миљковиќ дотерана од глава до пети на снимањето на Ѕвездите на Гранд.
Но таа непосредно пред почетокот од последната емисија се појави без грам шминка и ги изненади сите.
Имено, Вики најпрво „влета“ во студиото, но подоцна „излета“ пред новинарите комплетно нашминката, облечена во интересен комплет. Покрај тоа што пред студиото дојде таква, без шминка на лицето, пејачката ги изненади сите и со својот коментар за кoнфликтoт меѓу Цеца и Босанац.
Еве што изјави таа за своите колеги:
„Не мислам дека тоа е расправија, туку судир на мислења, секој го изнесе своето мислење. Јас не слушнав дека Цеца го навреди Босанац, таа е некој што не навредува ни приватно, а не пак јавно“ порача колешката и пријателка на Цеца, Вики.
На прашањето дали старата постава на жирито не го штеди новиот член, Вики одговори со следново:
„Тие генерално се такви, не ме штедеа ни мене, не ја штедат ни неа. Мислам дека се уште не се опуштиле“, изјави таа.
Само да потсетиме, Цеца и Босанац се расправаа во една од последните емисии откако композиторот ја навреди Цеца.
Имено, тој во една пригода изјави дека Марија Шерифовиќ е пејачиште, додека Цеца само популарна пејачка.
Ражнатовиќ не му остана должна, па го праша каков композитор е кога неговата ќерка не може да ја направи славна.
По ова реагираше и ќерката на Босанац, Александра Стојковиќ Џиџа, а повеќе за ова прочитајте тука.
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ