Се славеше во домот на Ѓоко Јовиќ- неговите блиски пријатели му испраќаат честитки, ова е посебен ден за познатиот пејач!
Популарниот македонски пејач славеше роденден, па доби честитки од најблиските.
Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ во моментов е еден од најбараните и најпопуларните пејачи на фолк музика во Македонија.
Ѓоко заедно со својот бенд знае да ја направи секоја семејна прослава незаборавна.
Ѓоко е од Валандово и потекнува од земјоделско семејство, па додека бил млад работел со тутун. Тој секогаш истакнува дека воопшто не се срами од своето минато и вели дека секогаш е подготвен повторно да го работи тоа.
Во брак е со Ивана која брои ситно до породување. Односно го очекуваат четвртото дете.
Тие двајцата се веќе родители на три деца, Теодора, Михаил и Јоан.
Ѓоко славеше роденден и наполни 36 години, а неговата сопруга со емотивна порака му го честиташе роденденот.
-Му благодарам на Бога што го испланира твоето постоење и те зачува за мене. Да си жив и здрав многу, многу години!! Среќен роденден љубов-напиша Ивана на фејсбук.
Секако честитки пристигнаа од сите страни, а меѓу нив беа и честитките од неговите деца.
„Најсреќен роденден на најдобриот татко на светот. Животот да ти биде исполнет со среќа, радост и бескрајни насмевки! Среќен роденден и те сакам многу“ напиша неговата ќерка додека пак неговиот син Михаил постираше фотографија и напиша: „Мојот татко е Супермен“.
Пејачот ги дувна свеќичките заедно со своето семејство, а тортата беше со нивна семејна фотографија.
Му посакуваме среќен роденден и се најубаво!