Не се знае која е поубава – сопругите на Ѓоко и Александар од „Енерџи бенд“ се вистински убавици
Нивниот бенд е еден од најбараните за секоја веселба.
Во моментот во Македонија тие се едни од најпопуларните и најбараните момци, но воедно и најзгодните на нашата естрада.
„Енерџи бенд“ заедно со пејачот Ѓоко Јовиќ се едни од оние бендови кои приредуваат незаборавна забава без разлика дали се работи за турбофолк музика или забавна, нив едноставно ги бидува за сè.
Многумина веќе знаат дека освен што се другари, Ѓоко и Александар кој свири на кларинет и саксофон се кум и кумашин.
Двајцата се често заедно, а овојпат имаа специјална поричина
Александар и неговата преубава сопруга ја крштеваа својата ќерка Ева, а главен на прославата секако беше кумот.
Александар Трајковски е доста активен на социјалните меѓу, па покажа неколку фотографии, но она што најмногу паѓа во очи е неговата убава сопруга.
Двајцата позираат во елегантни издание, Александар облечен во тегет одело, а Кристина во преубав бел костим и сребрени сандали.
За малата Ева пак нема потреба да се зборув изгледаше како преубав ангел.
Дека белата боја преубаво и стои покажа и за свадбата кога блесна во преубава венчаница.
Освен Александар фотографии објави и кумот кој заедно со своето семејство присуствуваа на крштевката на малата Ева.
Скоцкани од глава до пети целото семејство изгледаше прекрасно, а посебно неговата сопруга Ивана која е во поодмината бременост и го очекуваат своето четврто дете.
Облечена во преубав долг фустан Ѓоко и Ивана објавија заедничка фотографија, а фолкерот напиша: „Мојата поубава половина“.
Гледајќи ги фотографиите мора да се согласиме дека и Ивана и Кристина изгледаат прекрасно!