Емотивна порака за близнаците со која никого не остави рамнодушен – погледнете како Ребека ужива со своите бебуши (фото)
Поранешната поп пејачка со емотивни зборови го честиташе роденденот на своите синови.
Таа е позната како мајка лавица која се бори за своите деца и често зборува за децата со ретки бо-лести.
Ребека Јанковска Ристески веќе подолго време отворено зборува на многу теми, а посебно за нејзиниот син Маркијан.
Храбрата мајка отворено говори за болеста на својот син и за предрасудите со кои лавовски се бори секојдневно.
Храбра Ребека во интервју за „Женски магазин“ откри дека дознале дека нешто не е во ред со Маркијан уште додека била во седмиот месец од бременоста, но сепак одлучиле да ги прифатат сите предизвици и искушенија и одлучиле да го задржат и да се радуваат на неговиот живот.
Кога Маркијан имал само 3 месеци првпат добил епиле-птични напа-ди. Понекогаш знаел да има и по 100 на-пади на ден. Но без оглед на нејзината тешка ситуација, пејачката морала да продолжи да пее. За да се патува и да се прават испитувањата надвор од нашата земја, со цел да се обезбедат најдобрите третмани за Маркијан, потребни биле многу пари.
Но, Мики и Ребека не се откажуваат и храбро чекорат по својот пат. Нивната љубов и приказна навистина треба да биде пример и инспирација за сите родители.
Поп-пејачката Ребека Јанковска – Ристески и нејзиниот сопруг Мики се во брак од 2006 година. Тие имаат три деца, синовите Маркијан, Макариј и Доротеј.
Близнаците Доротеј и Макариј наполнија 8 години, а Ребека со емотивна порака им го честиташе роденденот.
-Ова време од денот пред 8 години претчувствував дека ќе ве видам наскоро иако ве носев само не цели 34 недели. Близнаци, велеа, често пати порано се раѓаат. И се родивте во 23 ч.и 40. мин. Не беше важно кој е прв, а кој втор. Важно беше што сте здрави бебуши, а мама и тато најсреќни на свет. Ве сакаме милички мои, среќички! Среќен Роденден!!, напиша Ребека и објави неколку фотографии од двајцата.
Ребека е голем борец за лицата со посебни потреби и максимално е ангажирана во здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ чиј основач е таа, додека пак нејзиниот сопруг е доктор на клиниката на онкологија.
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески