Македонската Ким Кардашијан направи шок потег – реши да направи ДРАСТИЧНА промена, не сме ја виделе во вакво издание
Младата и талентирана пејачка се одлучи за нова промена на изгледот и ги воодушеви сите.
Убавата Марија Груевска е пејачка која ја запознавме со нејзиното учество на најпопуларното балканско музичко шоу, Ѕвездите на Гранд.
Уште со првото нејзино појавување Марија привлече огромно внимание од публиката.
Имено, од недела во недела пејачката секогаш се појавуваше во уникатни, по малку контраверзни костими кои никого не оставаа рамнодушен.
Марија беше подложна на разни трансформации, па публиката имаше можност да ја види во различни изданија.
По потекло е од Битола, а на свои 23 години веќе добро си го има зацементирано патот по кој ќе се движи само кон успех во музичката кариера.
Малкумина знаат, но Марија својата музичка кариера ја започна уште како мало девојче.
Во 2007 година учествувала на Детската Евровизија со песната „Happy day“, а потоа се пријавила за Икс Фактор, а има настапувано и на фестивалот Макфест.
Сепак, она што ја обележа нејзината кариера, а воедно ја вивна во светот на познатите.
„За мене Ѕвездите на Гранд беше место и простор медиумски да го претставиме она што го работиме и така и беше. Јас и мојот професор се занимававме повеќе со џез и блуз, но сепак сме во Македонија, па одлучивме сите наши балкански песни да ги преработиме во верзија која ќе може цел свет да ги разбере“, кажа младата пејачка во едно свое телевизиско интервју.
Најголема поддршка додека траеше шоуто ѝ беше нејзиното семејство, кое тимски работеше за Марија да изгледа светски на сцената. Сите заедно работеа и смислуваа нови креативни идеи за нејзиниот изглед и песна, со кои од недела во недела го воодушевуваше жирито.
Доста е амбициозна и за неа токму сега започнува сѐ.
Мора да се признае дека Марија може да застане рамо до рамо со светските ѕвезди.
Има неверојатен глас, а исто така е единствена на нашите простори која знае што претставува сцена, сценски настап и што сѐ треба да направи еден изведувач за да биде оригинален.
Иако за некои музичари летово немаше работа порафи корона кризата, тоа не беше случај со Марија.
Таа работеше со полна пареа, па затла си дозволи и убав одмор кон крајот на летото.
Убавите сончеви денови завршија, па сега е време за нови победи. Марија одлучи пред да започне со сите обврски околу кариерата да направи и промена на изгледот.
Пејачката ја бојадиса косата која ѝ беше во медова нијанса и сега е целосно русокоса.
Оваа фризура за пејачката е полн погодок.
„Секогаш подготвена за промени“, стои во опис на фотографиите.
Дефинитивно изгледа подобро од било кога.
Погледнете и уверете се:
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска
Фото: Инстаграм / Марија Груевска