Турунџиева сподели порака што треба секоја жена да ја прочита – таа е САМОХРАНА МАЈКА, но и една храбра и остварена дама!
Жената која се чини дека на прв поглед успеа се во животот си ја отвори душата.
Секогаш ведра и насмеана македонската водителка Сузана Турунџиева е синоним за храброст, борбеност и упорност.
Таа е една од нашите најпознати водителки, но зад нејзината успешна кариера стојат години и години макотрпна работа.
Иако со неа изгледа како се да прави со леснотија сепак откри дека понекогаш има и по некој неуспех, па кажа и како се справува со тоа.
„Кога доживувам неуспех, а знам дека сум дала се од себе, чувствувам дека растам“ напиша таа и додаде:
„Додека држам до своите вредности и достоинствено ги прифаќам последиците, чувствувам дека растам … Кога ги прифаќам и надминувам суровите и немили настани, чувствувам дека растам …“ пишува Турунџиева на Инстаграм.
Таа вели дека секогаш кога верува во себе и сопствените соништа, чувствувам дека расте.
„А кога ќе ми се разниша самодовербата, го вклучувам копчето за храброст и ги активирам моите невидливи крила … Затоа што длабоко верувам во онаа кинеската, дека на храбрите, ѕвездите им го осветлуваат патот“ стои во постот на Турунџиева каде објави фотографија од себе со крилја.
Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шестгодишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири. Во 1984 година се запишува во.
Средното музичко училиште во Битола, на отсекот по соло пеење.
Во 1987 година се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по соло пеење.
Во годините кои следат, Сузана Турунџиева повторно е добитник на вредни награди.
Во своите зрели 40-ти години, отпочнува со писателска кариера, и во период од само 4 години објавува 10 книги кои се многу популарни помеѓу нејзината многубројна читателска публика.
Сузана на социјалните мрежи е доста активна, а најмногу внимание привлекуваат нејзините објави поврзани со хероината од документарецот номиниран за Оскар, „Медена земја“.
Совршениот спој од две прекрасни дами, Сузана Турунџиева и Атиџе не остава никого рамнодушен.