Реклама
Наши ѕвезди

Сандра Африка заработи два милиони евра, но не од пеење?! Еве како фолкерката стана милионерка во време на корона криза!

Реклама

Познатата фолк пејачка, Сандра Африка, одлучи да започне и нов бизнис, па така минатата година наводно вложила половина милион евра во недвижнина.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Како што пишуваат српските медиуми, Сандра Африка решила да инвестира во изградба на зграда во Шабац.

И како што сега наведува, парите веќе и се вратиле, па дури и заработила голема сума на пари.

Маркетинг

Пејачката и нејзиниот менаџер и поранешен емотивен партнер, Александар Московљевиќ Микиш, заедно влегле во бизнисот и изградиле вкупно 13 стана во модерна зграда во центарот на градот.

Тие наводно задржале по еден стан за себе во зградата, а останатите ги продале и заработиле околу два милиони евра.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Инаку, Африка своевремен откри и дека добила јахта од својата баба во Германија, а има и стан во Белград и куќа во Шабац.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Во Шабац таа има куќа од 800 квадрати, која ја изгради додека живееше таму, додека во Белград има стан од 70 м2.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Што се однесува до новата зграда што ја направи заедно со својот менаџер, во прашање е градба направена според најмодерните стандарди и во која се користени материјали и системи што допринесуваат за помала потрошувачка на енергија. Сите станови се луксузни бидејќи се водеше сметка за материјалите што се користени во текот на изградбата, пишува во својот текст порталот „Ало.рс“.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Инаку, Сандра денес важи за една од најбогатите и најплатените пејачки во регионот. Таа ја искористи својата првична популарност стекната пред се со нејзиниот атрактивен изглед и денес е една од најбараните меѓу фолкерките. Својата кариера ја започна како една од омилените „го-го“ танчерки во регионот и беше член на придружната танчерска група на фолк-пејачот Миле Китиќ.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Од танчерка во клубовите, до луксузен стан во Монте Карло

Во тоа време, таа сè уште не ги потенцираше своите гласовни способности, а нејзиниот изглед беше во преден план.

Покрај стајлингот со кој што го потенцираше секој дел од нејзиното тело, многумина во тоа време и замерија што танцуваше по клубовите, истакнувајќи дека заради тоа нема да оствари некој позначаен успех на музичката сцена.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Но тие не беа во право!

Нејзината прв песна стана голем хит, а Сандра продолжи да објавува песни редовно и зад себе веќе има голем број фанови. Денес издава минимум две или повеќе песни годишно, а по нејзиниот прв хит следуваа и бројни дуети со познатите естрадни ѕвезди, како на пр. со Гоца Тржан.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

И така, чекор по чекор, таа стана една од најбараните пејачки во регионот и дијаспората, а со успехот дојдоа и парите.

Таа денес е позната по љубовта кон многу скапите автомобили, а во една прилика се пофали дека поседува и јахта, за која тврди дека ја донирала нејзината баба. Таа исто така е сопственичка и на луксузен стан во Монте Карло кој исто така, наводно, го добила од нејзината баба.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

„Мојата баба и дедо веќе 40 години живеат во Германија и не гледам никаков проблем во тоа што тие го купија мојот автомобил и ми го оставија станот во Монте Карло“, изјави во една пригода познатата пејачка.

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

 

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Фото: Инстаграм/ Сандра Африка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button