Наместо прослава, страшна трагедија: Многу познати објавиja пораки за МАКЕДОНИЈА, но за момент радоста се претвори во тага!
Секогаш оригинален и има што да каже за секоја пригода.
Иако овој 8-ми септември ќе остане запаметен по тешката трагедија во Тетово, сепак Македонија славеше 30 години независност.
Па пред да се случи страшната несреќа во Тетово каде изгоре модуларната болница во која имаше и жртви, утрото започна сосема поинаку, никој не можеше ни да насети со каква несреќа ќе се соочиме.
По повод 30 години независност беше организирана голема парада низ Скопје, а многумина на своите Фејсбук и Инстаграм профили испратија честитки, но онаа на нашиот познат шоумен се рашири и стана вирална на социјалните мрежи.
Игор Џамбазов во свој стил ја честиташе 30-годишнината од независна Македонија.
– Македонијо моја … Денес полниш 30 лета, не си веќе девојченце. Имаше несигурно детство и ептен бурна младост. Време ти е да се прибереш малку. Застани веќе на свои нозе, сакај се малку повеќе. Иако ти е време за мажење, немој да го правиш тоа. Знаеш дека не те бива за потпишување договори. Башка и никој не те заслужува.
Те сакам Македонијо!, напиша Игор Џамбазов на својот инстаграм профил, а неговата порака ја споделија многумина.
Иако голем празник, сепак падна во сенка кога доцна синоќа изби пожарот каде зaгинaа 14 лица, а има и 12 повредени.
Многу јавни лица се огласија и упатија силни молитви, па порачаа дека Македонија тагува.
– Не постои македонска, албанска, босанска, ромска см-рт. Постои само см-рт и сега е време да жалиме. Не е време за никакви демохристијански постови, не е време за лоши коментари, не е време за политика. Сега е време само за жалење, напиша Лила Филиповска.
Пораки за сочувство и молитви испратија и Викторија Лоба, Панчо од ДНК, Тамара Тодевска, Антониа Гиговска, Елена Ристеска и многу други.
Цела Македонија, регионот, но и светот се потресени од оваа несреќа.