Јордан Митев со моќна и поучна порака што треба секој да ја прочита – ПОГЛЕДНЕТЕ и како познатиот фолкер ужива со сопругата
Конечно одмор за македонскиот пејач
Популарниот македонски пејач замина на заслужен одмор, па им се пофали на своите фанови.
Јордан Митев е еден од најуспешните пејачи од помладата генерација, чии песни веднаш влегуваат во уво и стануваат големи хитови.
Митев со музика се занимава уште од мали нозе, а освен што ја освои публиката со извонредниот глас, тој свири на повеќе инструменти како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
Потекнува од едно радовишко село, за кое секогаш со гордост зборува.
Оние кои соработуваат со него за него велат дека е огромен професионалец и вреден човек, кој секогаш се труди сѐ шна што работи да биде максимално квалитетно.
Јордан е мега популарен и во дијаспората, а неговите песни се голњми хитови меѓу Македонците кои живеат во странство.
И покрај тоа што поради пандемијата музичарите немаа никакви ангажмани, па поради тоа воопшто не беа активни и некои од нив ја променија професијата, Јордан напорно работеше за време на кризата, а сега го покажа плодот од својот труд. Тој неодама ја објави песната „Татко“, на која тој е комплетен автор, а која во себе крие една навистина тажна приказна од неговиот живот.
„Оваа песна е создадена врз вистинска приказна. Еден човек, наш, Македонец од Италија ми се јави пре Нова Година во не добро расположение и ме замоли да напишам песна која што ќе биде посветена на татко. Бидејќи тој поради одредени причини не бил присутен на неговиот последен поздрав.
Човекот беше погоден од сето тоа, мене ме погоди целата таа приказна и се роди оваа песна. Има моменти кога треба да се опее и неубавата страна на животот. Ретки се песните кои се посветени на татко. Поготово во ова време кога многу луѓе во оваа пандемија заминаа. Со видеото сакав да покажам атмосфера каде што нема луѓе, нема веселба, ресторанот е затворен, само јас и музичарите ја пееме таа песна.
Интересна композиција која веќе добива одлични коментари, се надевам ќе остане и ќе се пее понатаму“, откри пејачот.
Инаку, што се однесува до приватниот живот, Јордан повеќе од 4 години е во брак со Славица.
Пред да стапат во брак тие година ипол биле во врска. Се запознале во Австралија, родната земја на Славица.
Љубовта е една од главните инспирации за неговите дела. Ги посветува и на сопругата.
На почетокот тие одржувале врска на далечина, Австралија-Македонија, но Митев успеал да ја убеди својата сакана и сега живеат заедно во неговото родно село Подареш.
После напорната работа летово, пејачот се одлучи да замине на одмор.
На својот Инстсграм профил тој сподели фотографии од плажа и покажа каде ужива.
„Животот ќе најде начин како да ти удре некој шамар…насмеј му се, најди начин да собереш сила, и продолжи понатаму“, напиша тој на Инстаграм.
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Покрај ова тој напиша и една интересна приказна на својот официјален профил на Фејсбук.
Истата ви ја пренесуваме во целост:
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Магарето му рекло на тигарот: Тревата е сина!
Тигарот одговорил: Не, тревата е зелена!
Избувнал спор и отишле кај лавот, кралот на животните за да го реши овој проблем. Уште не стигнале до местото во шумата каде што лавот седел на неговиот престол, магарето од далеку почнало да вика: Ваше Височество, нели тревата е сина?
Лавот одговорил: Така е, тревата е сина.
Магарето пресреќно, рекло: Тигарот не се согласува со мене. Ми противречи, се кара и ме нервира. Те молам казни го!
Кралот на животните рекол: Тигарот е казнет со 5 години молчење.
Магарето цело пресреќно си заминало скокајќи и викајќи: Тревата е сина, тревата е сина …
Тигарот ја прифатил казната, но го прашал лавот: Височество тревата е зелена, нели? Да, се согласувам Тревата е навистина зелена. Тигарот изненаден го прашал: Па, зошто тогаш ме казнивте? Тогаш лавот му одговорил:
Не е важно дали тревата е сина или зелена, казната ти е 5 години молчење, заради тоа што такво храбро и интелигентно животно како тебе губи време да се расправа со магариња, па и да дојде на суд кај мене за такво прашање.
Најлошо е да губиш време да се расправаш со будала и неук, на кој не му е ни гајле за вистината, туку само за победа на неговите верувања и илузии. Никогаш не трошете време во расправа во која се смешни аргументите..
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Постојат такви кои без разлика колку докази и сведоштва ќе добијат, не можат да разберат зашто се заслепени од омраза и гордост.
Единствено што сакаат е да бидат во право, иако не се.
Кога незнаењето вика, умот молчи!
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Принтскрин. Магазин
Фото: Принтскрин. Магазин
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев
Фото: Инстаграм / Јордан Митев