Нашата позната пејачка ги изненади фановите со „КАРАНТИНСКИ“ ФОТОГРАФИИ од Австралија: „Се уште сме позитивни!“
Македонската пејачка е во карантин, па секој момент искористен надвор за неа е скапоцен.
Некогашната пејачка Маријана Новаческа, во јавноста позната како дел од дуото Маријана и Росана, долги години наназад повеќе не живее во Македонија.
Маријана многи одамна се пресели во далечната Австралија каде започна целосно нов живот.
Скоро и не постои човек кој не се сеќава на Маријана и Росана, а нивните песни се евергрини кои напамет ги знаат и поновите генерации.
Песните „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ се уште се вртат на нашите радио станици.
Но, нивната заедичка кариера заврши тогаш когa Маријана одлучи да си замине од оваа земја. Тогаш Росана продолжи со соло кариера.
Маријана во Австралија се одлучи и за промена на професијата, па се вработи како стоматолог.
По извесно веме и Росана направи промена во кариерата и сега работи во една скопска книжарница.
Тие веќе долго време не се дел од македонската музичка сцена, но публиката не ги заборава и постојано ги потсетува дека е жедна за нивниот глас и музика.
Маријана е доста активна на социјалните мрежи, каде нејзините следбеници и фанови можат да видат дека пејачкта ужива во секој момент во животот.
Во Австралија најмногу се дружи со пејачката Татјана Лазаревска, со која се најдобри пријателки и си помагаат секогаш кога е потребно.
Двете пејачки живеат во близина една со друга, па слободното време го користат да уживаат во убавините на Австралија.
Австралија изболува со природни убавини, а Маријана го користи секој слободен момент да ужива во истите.
Дали на плажа или на прошетка во природа, Маријана живее живот на кој секој може да позавиди.
Малбурн, градот во кој живеат Маријана и Татјана во моментов е во карантин, поради зголемениот број на Ковид 19 случаите.
Дозволеното време кое народот смее да го коридти за да излезе надвор, Маријана го користи за прошетка во природа.
„Златен грип каде ли загина. Од овие новокомпонираниве глава не можеме да кренем”, напиша таа на Фејсбук па објави фотографии на кои се чини како да ја држи месечината во дланка.
„Еве ја месечината, конечно во мои раце. Сонце немаме, уште е ладно и врнежливо…ама се уште сме позитивни“, напиша Маријана.
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска