Нашата позната фолк-пејачка покажа дека е и вистинска домаќинка – ПОГЛЕДНЕТЕ каков ручек му подготви на сопругот
Сузана Гавазова покажа дека пејачките освен што изгледаат прекрасно, умеат да бидат и фантастични домаќинки.
Гавазова е една од најзгодните и најубабите пејачки на македонската музичка сцена.
За една жена да ја има таа извонредна линија потребни се редовни тренинзи и здрава исхрана.
На социјалните мрежи често споделува фотографии и видеа, на кои во преден план е секако нејзиното витко тњло, на кое може да позавидат и помладите девојки.
Кој би рекол за оваа жена дека е мајка на две деца.
Гавазова се труди секогаш да шири позитива на социјалните мрежи и скоро никогаш на нејзините профили нема да најдете содржина која ќе ве вознемири и таа никогаш не е вклучена во некакви афери и скандали.
Со музика започна да се занимава релативно млада, а својатс публика секогаш ја воодушевува со својот талент и неверојатен глас.
Нејзините настапи се закажани месеци наназад, а вистинско уживање претставува да се слуша Сузе во живо.
Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ.
Да потсетиме, Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин во брачните води запловија пред шест години, кога направија и раскошна свадба за роднините и пријателите, а пред неколку години решија да се вратат да живеат во Македонија за таа да може да ја продолжи својата кариера.
Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.
Но, по неколку години живот во оваа земја, Сузе и Јасмин одлучија да се вратат во Македонија.
Гавазова која има свој стан во родната Струмица, но откако се врати во Македонија реши дека со семејството треба да живее во Скопје. Нејзиниот сопруг, кој по потекло е од Босна, се грижи за нејзината кариера.
Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од нејзиното семејство.
Фановите на фолк-пејачката имаат можност да видат фотографии од нејзините ќерки, кои дефинитивно ја наследиле убавината на мајка си.
Емили и Селена ги дели само една година разлика, а уште од мали години и двете се изложени пред очите на јавноста.
Сузе сега покажа дека освен што е одлична пејачка, мајка и сопруга, таа е и фантастична готвачка.
На Инстаграм сподели фотографии од ручекот кој таа го подготвуваше за своето семејство.
„Кој рече дека овој газ не е од праз”, напиша таа во опис на една од фотографиите, а потоа покажа што вкусно подготвува за ручек.
Пилешкото освен што изгледаше примамливо на фотографија, сигурни сме дека било и превкусно.
Секоја чест за домаќинката и на здравје!
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова