Тамара откри што мисли за свекрвата, но и колку е блиска со една од најпознатите и најубавите Македонки на Инстаграм!
Секогаш позитивна и отворена да разговара за секоја тема, важи за пејачка која е брутално искрена.
Иако ваквите луѓе многупати се критикувани, сепак тоа не е пречка за секогаш искрено да си го кажува своето мислење.
Тамара Тодевска веќе некое време ги полни насловните страни и онлајн медиумите, а сега откри неколку интересни детали за себе, а кажа и што мисли за свекрвата.
Иако постои предрасуди дека снаата и свекрвата никогаш не се сакаат ниту пак се сложуваат, Тамара одговарајќи на прашања на своите фанови од Инстаграм таа откри што всушност мисли за својата свекрва и свекор.
-Гевгелија е мојот втор дом, најмногу од се ги сакам свекор ми и свекрва ми, напиша Тамара одговарајќи на прашање што најмногу и оставило впечаток во Гевгелија.
Со ваквиот одговор Тамара го сруши стереотипот дека снаа и свекрва не се сакаат, а кажа и што мисли за една од нејзините другарки, Миа Костова.
-Многу ја сакам, една од моите сестри по лудило. Паметна добра, борец, убавица. Да беа сите како Миа ќе ни беше подобро во животот, напиша искрено Тамара.
Одговарајќи на прашањата Тамара откри дека златна е нејзина омилена боја.
Таа откри дека уште од три годишна возраст сакала да биде пејачка и ете таа желба и се исполнила.
Тамара е стрелец во хороскоп, а висока е 168 см. Тоа беа само неколку детали кои таа ги откри за себе.
Меѓу прашањата се најде и прашање за тоа како успеала да ослабне, а Тамара одговори дека тоа го постигнала со напорно вежбање, понекогаш и по пет пати во неделата, но и со исхраната.
Евидентно е дека Тамара својата фигура ја доведе до совршенство и изгледа бодобро од било кога.
Во последно време таа често објавува фотографиии и видеа од теретана, а знае и да изненади и со по некоја фотографија на која го истакнува своето тело, тесниот струк и рамниот стомак!