Реклама
Наши ѕвезди

Тијана НИКОГАШ не изгледала подобро: Откако се преполови изгледа неверојатно, посебно кога ќе се соблече во едно вакво издание

Реклама

Тијана ужива во долгото топло лето

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тијана Дапчевиќ деновиве ги спакува куферите и замина во Црна Гора да си ги наполни батериите.

Пејачката на социјалните мрежи сподели неколку објави со кои покажа како ужива во топлите септемвриски денови.

Маркетинг

Но со една фотографија на која е во црн костим за капење предизвика хаос, но и доби голем број комплименти од фановите.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Имено, пејачката која на својот профил ретко објавува провокативни фотографии овој пат во својот дводелен костим за капење никого не остави рамнодушен. Таа изгледа феноменално, а нејзиното тело – бpyтално.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Па реално. Никогаш подобро не сме изгледале“, напиша Тијана во описот на фотографијата што следува.

Маркетинг

Таа доби бројни пофалби на сметка на својот изглед, а меѓу нив и оние што и ги порачаа нејзините колешки.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Манекенко, ќерка да ми бидеш“, и порача Верица Ракочевиќ по што пејачката и одговори во шега.

„Ете ме мамо, на следната ревија Јасмин Гаури да бидам“.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Инаку, Тијана веќе некое време со своите фотографии на Инстаграм предизвикува внимание меѓу фановите.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тијана беше на диета со која успеа да симне вишокот килограми, па фановите се воодушевени од тоа како изгледа сега. Имено, пејачката навистина никогаш не изгледала подобро, па медиумите во регионот се присетија и на нејзината трансформација по бременоста.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Имено, таа за време на својата бременост се поправи 45 килограми и пред породувањето имаше 115 килограми.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Буквално носев уште едно лице во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да преземам нешто во врска со тоа. Но почнав да слабеам дури откако сфатив дека на мене не ми треба никаква диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомне зборот диета.“

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Тогаш мислиме само на храна и на тоа што ќе јадеме, а што не смееме“, изјави пејачката тогаш за медиумите.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Таа тогаш откри и дека денот најчесто го започнува со овесни снегулки со чај и црвено овошје, за ручек најчесто јаде мисиркино месо со зеленчук, додека за вечера риба бранцин или ципура со салата.

„Ми беше тешко на почетокот, но дадов сé од себе за да издржам. Сите треба да се храниме без шеќер, брашно и млеко. Само така ќе дојдеме до посакуваните килограми, но како и сите останати жени, и јас понекогаш ќе се опуштам, па ќе се поправам“ изјави своевремено Тијана.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button