Ретко кој се сеќава на Тамара во ова издание – еве како изгледаше во најгледаното ријалити шоу во регионот од тоа време
Тамара Тодевска пред десетина години беше дел од ријалитито „Двор“ што се емитуваше на телевизија Пинк.
Целта во ова реално шоу што се емитуваше во 2011 година беше да се преживеат сите исфрлања за да се дојде до финалето.
По исфрлањето од шоуто, Тамара ја прекина соработката со нив.
За разлика од Тамара нејзината сестра Тијана Дапчевиќ е мошне популарна пејачка и јавно лице во соседството.
Тијана и Тамара иако живеат со километри далеку, едната во Белград, а другата во Скопје, тие се уште се мошне блиски и речиси секојдневно се слушаат. Тијана е во брак со Милан Дапчевиќ, со кого го доби синот Вук.
Како што самата изјави во една пригода, својот иден сопруг го запознала во Сомбор, и веднаш знаеле дека нема никогаш да се разделат.
Инаку Тамара неколку години по Двор се омажи за своето момче Александар, со кого денес ги има ќерката Хана и синот Дарен.
Пејачката во 2019 година беше избрана да ја претставува Македонија за песна на Евровизија во Тел Авив.
Таа настапи со песната Proud и го освои седмото место во финалето со 305 бодови и со тоа го донесе најдобриот резултат за Македонија.
Во продолжение погледнете како таа изгледаше во ова шоу:
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Tамара Тодевска