Нозе долги за танцување, згодно тeлo за гледање – Лепа Брена изгледа НEOДOЛИВО во кocтим за капење и во седмата деценија!
Популарната балканска пејачка Лепа Брена цело лето ужива со своето семејство и своите пријатели на новата јахта што ја купија пред некое време.
Таа моментално е на крстарење низ црноморското крајбрежје, користејќи го времето меѓу настапите за уживање.
Таа го користи секој слободен момент да одмара на своето гламурозно пловило, а како тоа изгледа покажа на Инстаграм.
Нејзината фотографија предизвика големо внимание на социјалните мрежи, фановите беа воодушевени.
Многумина ја пофалија пејачката дека изгледа беспрекорно во костим за капење, посебно што наскоро полни 61 година.
„Море, радосни изгрејсонца и неизвесно зајдисонце“ напиша Брена во описот на својата преубава фотографија.
Инаку, Брена по потекло е од Брчко, а откако нејзината мајка почина во 2014 година, пејачката го продаде станот на својот татко во родниот град и оттогаш таму нема дојдено, до пред некое време, кога ги посети роднините.
Таа на овој потег се одлучи заради својата сестра Факета која по 28 години си дојде со сопругот од Канада.
Брена и нејзината сестра се прошетаа и низ омиленото место од детството, Фицибајерот, и ги евоцираа спомените.
Пејачката објави и фотографија покрај Сава каде ужива со својата сестра, а посетија и една винарија на едни нивни пријатели.
Иако родителите повеќе не им се живи, Брена и Факета во Брчко се уште имаа тетка кај која што престојуваа.
Сепак, на пејачката најдраго и беше да изигра популарната игра од детството, што многу ја израдува.
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
b
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
r
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
e
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена