Нема некој што не ја сака Колозова – таа и по толку години изгледа НЕПРОМЕНЕТО, како времето да не постои за неа
Легендарниот актерски брачниот пар засекогаш ќе се памети како крал и кралица.
Речиси и не постои генерација која не се сеќава на „Македонските народни приказни“ кои со нетрпение ги очекувавме да почнат.
Шенка и Ѓорѓи Колозов беа едни од главните ликови кои не заасмеваа и замислуваа со своите приказни.
Додека Шенка сега е пензионер, нејзиниот сопруг Ѓорѓи почина релативно млад, на само 55 годишна возраст, на 13 октомври во 2003 година.
Шенка пензионерските денови ги поминува во својата куќа во охридското село Велестово.
Таму таа одгледува зеленчук, ги чува своите кучиња и мачки, коси трева, сече дрва и ужива во природата иако нагласи дека не се откажала од театароот и пишувањето.
Деновиве таа доби признание од градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски на затворањето на Фестивалот на балканската независна театарска сцена – Провокација
-Награда за животно дело за развој и афирмација на независната театарска сцена се доделува на Шенка Колозова – Театар Колозов, напиша градоначалникот.
Иако поминаа долги години за Шенка се чини дека времето застанало и сè уште е онаа преслатка госпоѓа од приказните на кои се сеќаваме од детството.
За театарот „Колозов“, Шенка, инаку дипломиран теоретичар на книжевноста, напиша бројни сценарија и драматизации на Цепенковите народни приказни. На сцените на театрите во Штип и Куманово, а подоцна и во МНТ, од каде се пензионира, одигра повеќе од 6000 претстави и над 100 премиери. Во приватниот театар „Колозов“ – уште 16 премиери.
За cмp-тта на сопругот за естрадниот мазин „Бкстеј“ раскажа дека жали што тој не е тука за да се радува на одредени моменти, но и призна дека со текот на времето ѝ е сè потешко:
-Има моменти што знам колку многу ги сакал и ден-денес ми е тешко што не може да го доживее тоа. Секогаш велат „Леле, ти .греота …“ – не сум јас за греота, јас сум тука и живеам – не сум за жалење, него го нема“, вели актерката.
Тие двајцата имаат две ќерки кои не продолжија по стапките на своите родители. Тие воопшто не се експонираат во јавноста и многу малку се знае за нивниот приватен живот.
Фото: Фејсбук/ Шенка Колозова
Фото: Фејсбук/ Шенка Колозова
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Шенка Колозова
Фото: Фејсбук/ Шенка Колозова