Без неговите песни не може да помине ниту една свадбена веселба во МАКЕДОНИЈА, а еве како изгледа и неговата невеста
Без неговите песни не поминува ниту една веселба или свадба.
Марјан Коцев важи за еден од најуспешните пејачи во Македонија и се чини дека сите генерации го познаваат и го потпевнуваат неговите песни.
„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ се песните без кои не може да се замисли ниту една семејна прослава.
Тој е татко на две деца, а со неговата сопруга Биљана се во брак веќе 11 години.
Иако тој е доста познат во јавноста, малкумина знаат дека неговата сопруга е убавица која и покрај тоа што има родено две деца изгледа како девојче.
Се запознале на една свадба каде што пеел пејачот и по една година стапиле во брак.
-Јас бев беќар до 34 година. Откако ја запознав Билјана веќе животот тргна во друг правец. Јас бев подготвен уште веднаш на тоа и знаев што ме чека. Биљана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства.
Ниеден брак не е совршен, па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има се. Но, и за секој проблем има решение. Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор сè се решава, изјави пејачот во интервју за „7дена.мк“.
Баиљана и Марјан својата ќерка ја испратија во трето одделение овој септември и ѝ посакаа среќа.
Со оглед на тоа дека има вакцини против коронавирусот, пандемијата и мерките полека попуштаат, па се почесто има и свирки по локалите, а Маријан е често ангажиран.
Неговиот последен настап беше во Битола на 1-ви септември каде заедно со уште неколку колеги и колешки приредија вистинско музичко шоу за паметење.