Наши ѕвезди
Порасна синот на Панчо од „ДНК“: Еве како помина првиот ден во училиштето, но и што вели таткото за неговата сопруга
Реклама
Први септември за многумина е важен ден и буди многу емоции, особено кога треба да испратите прваче на училиште.
Многу познати личности во Македонија се потсетија на своите први школски денови, но многу од нив ги испратија и своите деца на училиште после година ипол пауза и онлајн настава.
Еден од оние кои испрати прваче на училиште беше и Панчо од дуото „ДНК“.
Маркетинг
Тој на социјалните мрежи објави и фотографии од својот син Маријан кој е прваче.
„Прваче. Нова страна од животот. Среќно синко“, напиша тој.
Маркетинг
Инаку, Панчо долги години е во брак со сопругата Маја и е татко на Андреја и Марјан.
-За Маја можам да кажам дека се грижи перфектно за децата и имам само пофални зборови околу тоа, кажа Панчо во интервју за „Женски магазин“ и додаде дека за успешен брак е потребен взаемен труд.
-Тешко е многу. Тешко е и за едната страна и за другата. Потребно е многу разбирање, толеранција и доверба. Во секој случај жртвувањето е обострано во такви бракови, кажа Панчо зз споменатиот портал.
Македонскиот хип-хоп изведувач, Владимир Блажев или во јавноста познат како „Панчо ДНК“и покрај успешноста на дуото ДНК за време на панемијата реши да ја промени професијата и да почне да заработува
На социјалните мрежи сподели дека започнал да работи како пица-мајстор во еден скопски ресторан, па додаде дека од работа нема срам.
Секоја чест!
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .