Познатата пејачка излезе од изолација и веднаш направи промена – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа сега, ќе се изненадите!
Познатата македонска фолкерка се „фрли“ на разубавување.
Откако по втор пат за седум месеци го прележа коронавирусот, сега се чини како да нема време за губење па веднаш се „фрли“ на работа, настапи и разубавување.
Првиот настап откако излезе од изолација и беше закажан за само два дена подоцна, а Сани се чинеше пресреќна што може да се врати во нормалноста.
Сани сега е повторно активна на социјалните мрежи, па се пофали и со мала промена која ја направила.
Имено таа направи корекција на веѓите или исцртување на веѓи, па покажа како поминал целиот процес, а на крајот се пофали и со финалниот резултат.
Фолкерката како и секогаш изгледа неодоливо и модерно.
Нема сомнеж дека што и да направи Сани или пак што и да облече на неа се изгледа совршено.
Инаку таа важи за една од најпопуларните и најбараните пејачки во Македонија, а за нејзините настапи секогаш се бара карта плус.
Сани важи за вистинско освежување на фолк сцената и често знае пријатно да изненади со својот стајлинг.
Сани е мајка на две ќерки. Постарата Викторија ја доби од првиот брак, а Ева е помалата.
Иако е мајка на две деца, таа има фигура на која може да и позавидат многумина.
Шармантната пејачка во една пригода за Гламур магазин изјави дека токму семејството и е најголема поддршка во она што го работи, а најголема релаксација и е кога по работа ќе си дојде дома и ќе се гушка со децата.