Реклама
Наши ѕвезди

Поранешната водителка на „Бекстејџ“ објави фотографија од детство- погледнете, таа е вистинска убавица од мали нозе!

Реклама

Поранешната водителка, а сега пилатес инструкторка, мајка и мотивациски тренер покажа како изгледала како дете.

Многумина ја паметат како водителка на „Бекстејџ“, но во последно време Снеже Велков е активна на социјалните мрежи и ги мотивира луѓето да вежбаат.

Маркетинг

Со оглед на коронакризата и заострените мерки Снеже ги користеше социјалните мрежи за да ги мотивира сите да останат фит и дека може да се вежба и дома, па така секое утро објавуваше видеа со вежби.

Сега Снеже реши да покаже како изгледала како дете, па откри дека уште оа мала сонувала да работи во телевизија.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков

„Плавокосо девојче со точно зацртана цел кога ќе порасне да работи на телевизија.

Подготовките ги почнува така што прво ја прилагодува фризурата за на ТВ. Да биде иста како Анета од Пулсирања (Емисија за млади на МТВ во ’90) па чита најава на програма пред огледало дома во Каменица и глуми дека е ко Миланка Рашиќ …“ напиша Снеже.

„Лево Малото Жане, десно Снеже Велков“ напиша таа.

Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков

Таа додава дека од десната страна е Снеже која е реализиран тв водител со остварени цели и во други области но и нови идеи замисли и планови пред себе.

„Долга коса прилагодена за сопствени визии и мисии“, додава таа.

Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков

Фотографијата е од времето кога Снеже имала само 10 години, а онаа до неа е 39 години подоцна, но насмевката и жарот во очите се исти.

„Сонувајте, посакувајте но не заборавајте будни да си направите план и да итате кон целта. Оти ако не тргнете во акција-џабе фризурата“ охрабрува Снеже.

Фото: Инстаграм/ Снеже Велков

Инаку таа реши да се повлече од медиумите и да биде фитнес инструкторка, а како што кажа во една прилика салата за вежбање и станала втор дом, но во едно интервју за „Репортер“ Снеже раскажа за загубата на нејзината добра пријателка Ирина Митевска, поради која го засака пилатесот.

Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков

Пилатесот е мојата љубов и енергија и останувам во таа приказна. Јас бев дел од тимот на Ирина заедно со неа и другите инструкторки, по нејзиното заминување се реорганизираме во однос на тренинзите и продолживме да ја шириме нејзината идеја и љубов кон пилатесот и вежбањето воопшто. Затоа што таа тоа го заслужува. Ирина сè уште живее, во секоја сала на „Пауер хаус“ е присутна нејзината енергија, секоја вежба носи дел од нејзината мисија, секое нејзино спомнување е насмевка и благодарност што ја споделила со нас, нејзината умешност да активира и мотивира луѓе да сакаат да вежбаат. Недостига нејзината неверојатна досетливост да направи неверојатни кореографии од вежби, недостига нејзината насмевка и несопирлива енергија. Недостига и тоа не се преболува.

 

Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков
Фото: Инстаграм/ Снеже Велков

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button