Тажната животна приказна од турската серија „Сулејман величествениот“ популарната турска актерка ја снајде и во приватниот живот
Султанката Махидевран во популарната серија Сулејман Величествениот имаше мошне тешка и тажна животна судбина.
Таа беше брзо заборавена и заменета со надалеку прочуената Хурем, а на султанот му подари само еден принц иако сакаше многу повеќе бидејќи тоа се очекуваше од неа, но беше оставена на страна. Таа заради тоа силно патеше во љубовта, а подоцна го заврши животот во сиромаштија и беда.
Махидевран на султанот му роди пет деца, од кои само три преживеале. Покрај синот Мурат, таа му роди и две ќерки Разја и Фатиме.
Султанката во серијата ја играше Нур Фетахоглу, која и во приватниот живот ја следи тешка судбина.
Таа е една од најубавите турски актерки, а македонската јавност ја памти токму по улогата на Махидевран султан.
Имено, познатата актерка зад себе има два пропаднати брака, долгогодишна борба за потомство, но и борба да се избори за сопствените желби и слобода со своите многу конзервативни родители, а во последно време се соочува и со можна затворска казна која ја следи како сенка.
Популарната Махидевран имаше два пропаднати брака. Од 2008 година до 2011 беше во брак со Мурат Асиј, а по четири години откако се разведе реши повторно да заплови во брачните води. Но и бракот со Левент Везироглу беше окончан за нешто повеќе од година дена. Се разделија во 2015, само 14 месеци по спектакуларната венчавка.
Парот по некое време реши повторно да и даде шанса на љубовта, па се венчаа повторно два месеци по разводот.
Овој пат имаа малку повеќе среќа – актерката во 2016 ја роди ќерката по долгогодишната борба за потомство.
Но и покрај тоа што успеа да се оствари во улога на мајка, многу работи во нејзиниот живот не се онака како што би сакала да бидат.
Имено, по бројните љубовни бродоломи, но и ретки убави работи како што е раѓањето на нејзината ќерка, таа дојде во судир со законот заради реновирањето на куќата на својот дедо без дозвола од општината. Во прашање е куќа која е од историска важност и како таква не смее да ја преуредува и менува, па доколку обвинителството истрае во намерата и докаже дека актерката е виновна, таа би можела да заврши и во зандани и тоа на пет години.
Инаку, турската актерка е родена во Германија, а нејзината борба се ветерници трае уште од млади години кога нејзиниот татко на сила ја вработил како банкарска службеничка откако изразила желба да се занимава со актерство.
Заради конзервативните ставови на родителите таа самата морала да се издигне од патријархалната средина и да ги оствари своите соништа, но очигледно проблемите ја следат и ден-денес.
Животот на Махидевран
За животот на Махидевран пред веридбата не се знае многу. Не се знае ни нејзиното етничко потекло.
Се претпоставува дека потекнува од Кавказ или од денешна Албанија. Била ќерка на прускиот принц Мирза и неговата сопруга Назан.
Пред да влезе во харемот на Сулејман Величествениот нејзиното име било Малхуб Бахарај.
Нејзиниот живот бил убав покрај султанот се додека во харемот не дошла Рокселана, позната и како султанката Хурем, која му родила шест деца и успеала да го убеди да се ожени со неа, со што и го загрози статусот на Махидевран.
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу
Фото: Инстаграм/ Нур Фетахоглу