Како вљубени тинејџери- на сопругот на убавата пејачка Аделина Тахири му завидуваат сите, еве зошто сакаат да бидат на негово место
Нема маж што не и сакал да е на негово место.
Албанската пејачка Аделина Тахири важи за жена која живее во раскош и луксуз, но освен тоа таа изгледа неверојатно.
Пејачката може да се пофали со совршени облини, очи и лице, а сега покажа дека таа му припаѓа само на еден маж.
Аделина заедно со својот сопруг е на летување, а оттаму споделија видео на кое се гледа како тој ја прегрнува и ѝ го бакнува рамото.
Многумина би сакаше да се покрај ваква згодна девојка, но сепак тоа место е резервирано за скопскиот адвокат Серијожа Марков со кого Аделина е во брак веќе неколку години.
Според објавените фотографии се чини дека тој е најсреќниот маж на светот.
А како и не би бил кога крај себе има ваква убавица.
Аделина Тахири во 2017 година се омажи за македонскиот адвокат Серјожа, а истата година во август таа го доби својот син, прво па машко.
Таа во едно интервју откри дека љубовта помеѓу неа и Сержоја се случила без да забележи.
Сепак се чини дека Аделина не е единствената убавица во нејзиното семејство.
Таа во последно време се почесто споделува фотографии од нејзината помала сестра која е „копи-паст“ на својата сестра.
Двете се толку слични, што доколку ја погледнете Диана ќе ви се чини дека тоа е Аделина во тинејџерските години.
Аделина ужива во луксузот и често споделува фотографии во брендирана облека или пак со луксузни и скапи автомобили.
Таа изгледа беспрекорно, но и секогаш е средена од глава до пети, а повеќето од моделите што ги носи чинат вистинско богатство.