Татјана и Новица го покажаа својот дом во Австралија – фолекерката весело танцуваше со даире во рацете
Познатото фолк дуо веќе подолго време живее во Австралија, а сега покажа како изгледа нивниот дом.
Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг, Новица Василевски веќе неколку години живеат во Австралија.
Тие двајцата имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.
Двајцата се активни на социјалните мрежи, а сега Татјана се пофали каков домаќин е Новица и покажа дел од нивниот дом.
Качен на скала и со четка во рацете Новица бојадисуваше, а Татјана го снимаше.
Во Австралија сè уште е на сила „локдаун“ па се чини дека Татјана и Новица нашле нешто интересно и корисно да прават во слободното време додека се затворени дома.
Сепак освен работа тие двајцата знаат и да се забавуваат, па додека трае „локдаунот“ Татјана се вклучи во живо и пееше за своите фанови.
Татјана облечена во фустан со „анимал“ принт танцуваше и пееше, а нејзините фанови се разбира уживаа.
Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична.
Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ недостигаат нејзините најблиски.
Пред извесно време во нивниот дом имаше голема причина за славење. Имено, Татјана го прослави 50 роденден, па по тој повод организираше и мала прослава.