Реклама
Наши ѕвезди

Познатата македонска фолк пејачка изреволтирана се обрати на СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, фановите загрижени за неа

Реклама

Македонската пејачка ја заинтригира, но во исто време и загрижи македонската публика со неколкуте овјави на својот Фејсбук профил.

Пејачката Силвана Крстовска, која поради русата коса и одличната градба го доби и прекарот македонската Мерлинка, е пејачка која може да се се каже дека е една од најангажираните музичари во земјава.

Маркетинг

Она што мора да се признае е тоа дека за пејачката времето како да запрело.

Без оглед на годините таа изгледа исто како на почетокот на кариерата.

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Плени со својата убавина и витка линија

Маркетинг

Откако се попуштија рестриктивните мерки во земјава, пејачите повторно се вратија на нивните работни места, клубовите и кафеаните се полни, народот беше жеден за музика и забава, свадбите и семејните веселби ги има сѐ повеќњ.

Луѓето нетрпеливо чекаа и дочекаа.

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Силвана веќе започна со своите настапи и скоро секој викенд споделува фотографии и видеа од местата на кои настапува.

Доста е активна и на социјалните мрежи каде често знае да сподели и фотографии од семејството.

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Ретко во јавноста зборува за својот приватен живот, но фановите знае да ги зиненади со по некоја фотографија.

Силвана веќе има закажани настапи за месеци нанапред.

Таа е доста активна на социјалните мрежи кае чесо споделува и приватни фотографии од неа и нејзините најблиски.

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Силвана и нејзиниот сопруг Игор се вистински пример за тоа како се одржува љубов и после долги години поминати со истиот партнер.

На фотографиите што ги објавуваат парот изгледа вљубено како првиот ден.

Се запознале кога Силвана имала само 14 години, а во врска биле 8 години пред да се заколнат на вечна љубов.

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

После 8 години одлучиле да стапат во брак и да си ја крунисаа љубовта.

Интересно е и тоа што на свадбата која се одржала на 22 април 2020 година присуствувале 700 гости.

Силвана секогаш за својот сопруг зборува со голема љубов и ги одбира најубавите зборови за да го опише.

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Како што самата има изјавено, Игор е нејзината најголема поддршка и ветер во грб.

Круна на нивната љубов се двајцата синови Данило и Дамјан.

Деновиве Силвана изненади со статусите на Фејсбук, според кои можеше да се забележи револт и разочараност кај пејачката.

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Прво започна со краток статус, кој делуваше како закана посветена на некој.

„Само да Ви кажам,
нема да Ви помине така лесно!

П.С.Посветено”, започна таа.

По некое време повторно се огласи и истакна дека дошло време да се обелодени вистината.

За неколку часа таа напиша трет статус, преку кој се обрати до новинарите и истакна дека сака нешто важно да соопшти, но не го стори тоа.

„Драги новинари,сите вие кои добро ме познавате и знаете што човек сум јас,сиве овие изминати години,од ДНОТО НА ДУШАТА ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕКОЈА ВАША САМОВОЛНА ОБЈАВА ЗА МЕНЕ ОДНОСНО ПОДДРШКА!

Но,сега,еве,јас лично Ви се обраќам!

Имам нешто да Ви кажам!

П.С.Скромната,повлечена и мирна пејачка,има нешто од кое и дошло преку глава”, напиша пејачката.

На крајот заврши со последен статус за тој ден, повторно конфузен за јавноста, без појаснување за што точно станува збор и на кого точно пејачката упатува порака.

„Има луѓе со скрупули и без скрупули.

Хм…тоа му доаѓа исто како луѓе со кичма или без кичма?!Се лажам ли?!

Луѓе со коски или без нив,а?!”, напиша Кростовска.

Иако многумина беа љубопитни што се случува со пејачката и дали е добро, таа сепак не разјасни до крај за што станува збор.

Утредента, откако веројатно спласнале емоциите кај неа, таа се повторно се огласи и им се заблагодари на сите кои се загрижиле и ѝ понудиле помош ако ѝ треба.

„Добар ден,добри луѓе!

Денес е нов ден!

Ми излезе во спомени сликава и бидејќи по вчерашните објави многу од вас ме бараа за да прашаат,како сум и што се случило.На истите благодарност ,добро сум но,за промена денес еве,имам поинакво гледиште на нештата(заборавено не е)!

П.С.Благодарност до ценетите новинари за разбирањето и на кои трпеливоста им е јака страна и мој наклон за истото”, заврши пејачката.

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

Фото: Фејсбук / Силвана Крстовска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button