Еве зошто оние што немаат антитела не треба да се плашат и како ИМУНИТЕТОТ не штити од вирусот корона
Во Македонија од 16 август започнуваат рестрикциите за невакцинираните. Венко Филипче соопшти дека мора граѓаните да се вакцинирани ако сакаат да имаат социјален животот. По оваа најава од валасите граѓаните почнаа масовно да се вакциираат во пунктовите низ Македонија.
За да излезете да испиете едно кафе мора да покажете сертификат за примена вакцина, и една доза ќе биде дволна за социјален живот. По овие мерки, владата размислува кога да започне вакцинацијата и со трета доза, што ова не им се допаѓа на граѓаните. Слична е и состојбата во Србија. Доктор Душан Попадиќ објаснува зошто некои луѓе не создаваат антитела и зошто е добро да се прими трета доза.
Теоретски, со повеќе од милион дози на залиха, Србија може веднаш да започне со давање на третата доза, моментално препорачана само за најзагрозените, но нема да биде доцна дури и ако имунитетот на тие пациенти почне да се зајакнува за месец или два.
Докторто Душан Попадиќ вели дека се уште не е поминато доволно време за а знаеме колку трае заштитата по првите две дози.
-Претпоставувам дека ова време се мери во години и дека вакцината ќе не заштити 24 или 36 месеци, но оваа заштита за некои да трае пократко, а за други подолго. Таа „цел“ е мобилна, бидејќи голема количина на вирус може да го пробие имунитетот, па дури и вакцинираните да се разболат. Третата доза е дополнителна придобивка по првите две и никој не треба да се плаши бидејќи нејзиното примање се уште не е започнато.
Некои од вакцинираните веднаш прават тест за антитела, но тестото не ги покжува антителата или покажува многу мал број по првите две дози.
-Таквиот резултат не значи дека навистина нема антитела, бидејќи проблемот со овие тестови е што производителите не откриваат што има во тестовите, кој дел од протеинот САРС-КоВ-2, па дури и кога велат тоа тоа е протеин, тоа е само еден негов дел – вели д -р Попадиќ. Затоа, нема смисла да се прави тест за антитела по вакцината.
Антителата на IgG не се единствената мерка за имунитет. Клеточниот имунитет е многу посилен, но не се мери рутински. Б и Т-клетките развиваат „меморија“ и следниот пат кога ќе можат да го препознаат вирусот, овој адаптивен имунитет предизвикува долгорочна заштита.
Истражувањата покажуваат дека Б-клетките на меморијата не само што произведуваат идентични антитела, туку и произведуваат варијанти на антитела, кои произведуваат безбедносен прстен за борба против варијантите на САРС-КоВ-2.
Научниците повеќе се убедени дека оние со прележан ковид -вирус, односно природна инфекција, не создава толку силна заштита како што е после вакцинацијата.
Но, кога се генерираат два имунолошки реакции: по болеста и вакцинацијата, тогаш тоа е хибриден имунитет и е посилен од оној што се стекнал по природна инфекција или само вакцинација. Научниците се повикуваат на овие аргументи кога препорачуваат вакцинација на оние кои имале ковид.
Бонус галерија
Шoкaнтни фотографии од преморени доктори и медицински сестри
Бидејќи бројот на луѓе кои се позитивни повторно се зголемува во целиот свет, повеќе од јасно е дека битката се уште не е добиена. А токму медицинските работници се оние што се борат на првата линија. Вoзнeмирувачките слики што ќе ги видите тука, а кои што ги објави порталот Боред панда, ги објавивме како сведоштво за она што се случува зад вратите на итните случаи. Од долги и напорни смени кои што им оставаат модринки на лицето до работа без соодветна опрема со што многу медицински лица се соочува посебно на почетокот од пaндeмијата. Затоа додека скролате и ги разгледувате фотографиите, одвојте момент да размислите за овие херои и да им се заблагодарите.
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда
Извор: Боред Панда